Легендарниот кошаркарски функционер почина на 95. годишна возраст.
Уште еден тажен ден за светската, за европската кошарка.
Долгогодишниот генерален секретар на ФИБА, и член на Меѓународниот олимписки комитет Борислав Станковиќ почина во 95. година од животот во Белград.
Човек кој важи за еден од втемелувачите на кошарката на просторите на поранешната држава. И кој својата светска слава ја заслужи во функционерските денови.
А да биде посебно почитуван во Македонија, затоа што во 1993 година, со неговиот потпис, нашата кошаркарска федерација беше примена како членка на ФИБА.
Ја водеше Светската кошаркарска федерација во деновите на најголема експанзија во Европа. На местото генерален секретар на ФИБА беше во периодот од 1976 до 2002 година. Период во кој во кошарката беа воведени правилата како што се линијата за три поени, промена на димензиите на теренот, кога времето почна да се смета во четвртина, а не се делеше повеќе на две полувремиња.
Исто така Станковиќ беше еден од најзаслужните за професионалците од НБА да се појават на Олимписките игри, момент кој за прв пат се случи во 1992 година на Игрите во Барселона.
Колку овој човек ја задолжи кошарката, говори и тоа дека на еден или на друг начин учествувал на 28. Европски шампионати, 14. Светски првенства, и имаше исто толку учества на Олимписките Игри.
Уште од 1991 година е член на „Куќата на славните“ во Спрингфилд, додека пак меѓу европските великани беше примен во 2007 година.
Слава му.