Во шеесеттата година од својот живот почина Примариус Доктор Тодор Ношпал.
Роден 1962 година во Скопје, познатиот ортопедски хирург ја извршуваше својата професија на Клиниката за ортопедија до пред 10 години кога отвори своја приватна ортопедска канцеларија.
По завршување на формалното образование, покрај Клиниката за ортопедија, Д-р Ношпал беше дел и од болниците Св. Лазар, Неуромедика, Санте Плус, Филип Втори, Медика Истанбул - Тетово, Болница ЕВРОИТАЛИЈА.
Во текот на својата богата кариера, д-р Тодор Ношпал се грижеше и за кошаркарите од сениорската репрезентација.
Почивај во мир!