Денеска, на 84 годишна возраст, почина Владимир Воиновски долгогодишен спортски и пред сè, кошаркарски работник.
Долги години претседател на КК Вардар и еден од основоположниците на овој клуб.
Кариерата ја започнува во скопскиот клуб, уште во далечната 1957 година, како дел од семејната традиција да биде дел од црвено-црното семејство. Целиот играчки век го помина во овој клуб. Еден дел од кариерата мина во српскиот Партизан, по што повторно се враќа во Вардар и тука го завршува играчкиот пат.
Продолжува како функционер во Вардар, се до последните денови од својот живот, во клубот на кој му го посвети целиот свој животен век.