По одигрувањето на последните три мечеви од Плеј-аут конкуренцијата, а непосредно пред почетокот на Плеј-офот, на ред доаѓа и последната индивидуална рекапитулација на одработеното по 32. кола, оние 22. во првиот дел од шампионатот и уште десет во Суперлигата односно Плеј-аут конкуренцијата.
Со забелешка дека во предвид се земени играчите кои одиграле најмалку 50% од вкупниот број на натпревари – поточно барем 16, извесно е дека играчот на Работнички, Стефан Балмазовиќ е лидер во најважната статистичка категорија - поени.
Со просек од 21.63 поени по натпревар, е единствениот кој е преку „дваесеттката“, пред конкуренцијата која ја чинат Игор Кесар (Пелистер) со 18.6 и Лендриус Хортон (ТФТ) со 17.8.
Во ТОП 5 поентери на лигата има место и за Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) со 17.76, и Грифин Раме (Ангели) кој се проби со 17.4.
Точно 16. натпревари му требаа на Самет Јигитоглу од МЗТ Скопје Уни Банка за да има највисок просек во категоријата - скокови. Има по 8.5 по натпревар, пред Амир Смит (ФТ) со нешто пониски 8.33 и Кирил Николовски, кој ја подели сезоната играјќи за екипите на Кожув и за Еуро Никел 2005, со 7.89.
И Кахем Рансом играше за две различни екипи, МЗТ Скопје Уни Банка и Гостивар, но Американецот има најмногу загубени топки, дури 101 на 31. одигран натпревар – просек од 3.26.
Но Рансом има и најмногу освоени топки, по две во просек на еден натпревар.
Иако не ја доигра сезоната, Ејасу Ворку (Гостивар) остана прв асистент во лигата со просечни 7.19 додавања по меч, пред Александар Костоски (ТФТ) со 5.97 и Грифин Раме (Ангели) со 5.5.
Амир Смит од ТФТ е најдобриот блокер, има просечни 2.04 блокади по натпревар, а Стефан Балмазовиќ освен што е најдобар стрелец, и е играч со најголем број на минути, играл во просек по 37:40 минути на еден меч.
Што се однесува до процентите на реализација, Били Ајви, уште еден играч кој направи трансфер во текот на сезоната (од Навико Академија ФМП во МЗТ Скопје Аеродром), има најдобра реализација од 84.78% од линијата за слободни фрлања.
Никола Силаџи, стартерот во екипата на Гостивар, е најдобар во обидите вредни по два поени (66.17% на успешност), а Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) во они кои вредат по три поени (44.92%).
Иако „успори“ во финалниот дел од Суперлигата, Игор Кесар има најдобра реализација од дистанца. Силното крило на Пелистер одигра 30. натпревари со 55.65% комбинирано во обидите од поле.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 16 346 21.63
2.Игор Кесар (Пелистер) 30 558 18.60
3.Лендриус Хортон (ТФТ) 31 552 17.81
4.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 21 373 17.76
5.Грифин Раме (Ангели) 20 348 17.40
СКОКОВИ
1.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 16 136 8.5
2. Амир Смит (ТФТ) 27 225 8.33
3.Кирил Николовски (Еуро Никел/Кожув) 19 150 7.89
4.Бојан Трајковски (Пелистер/Феникс 2010) 22 172 7.82
3.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 16 121 7.56
АСИСТЕНЦИИ
1.Ејасу Ворку (Гостивар) 21 151 7.19
2.Александар Костоски (ТФТ) 31 185 5.97
3.Грифин Раме (Ангели) 20 110 5.50
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 25 133 5.32
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ/Гостивар) 31 148 4.77
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ/Гостивар) 31 101 3.26
1.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 31 90 2.90
3.Грифин Раме (Ангели) 20 56 2.80
4.Бобан Стајиќ (Пелистер) 25 66 2.64
5.Били Ајви (Навико Академија ФМП/МЗТ Скопје А) 30 77 2.57
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ/Гостивар) 31 62 2.00
2.Грифин Раме (Ангели) 20 39 1.95
3.Били Ајви (Навико Академија ФМП/МЗТ Скопје А) 30 55 1.83
4.Тревон Бродвеј (ТФТ/Кожув) 18 30 1.67
5.Амир Смит (ТФТ) 27 44 1.63
БЛОКАДИ
1.Амир Смит (ТФТ) 27 55 2.04
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 27 42 1.66
3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 31 31 1.0
4.Дејвид Хотон (Пелистер) 23 22 0.96
5.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 32 28 0.88
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 16 602:42 37:40
3.Кахем Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка/Гостивар) 31 1060:20 34:12
3.Горјан Марковски (Работнички) 32 1063:26 33:13
4.Андреј Митревски (Феникс 2010) 24 796:45 33:11
5.Лендриус Хортон (ТФТ) 31 1012:31 32:39
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Били Ајви (Навико Академија ФМП/МЗТ Скопје А) 30 84.78%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 30 82.93%
3.Никола Малешевиќ (Пелистер) 31 81.02%
4.Игор Кесар (Пелистер) 30 78.21%
5.Грифин Раме (Ангели) 20 76.25%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Никола Силаџи (Гостивар) 32 66.17%
2.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 31 66.05%
3.Амир Смит (ТФТ) 27 64.32%
4.Игор Кесар (Пелистер) 30 64.32%
5.Никола Малешевиќ (Пелистер) 31 63.04%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Бранислав Ѓекиќ Исајлоски (Еуро Никел 2005) 32 44.92%
2.Бобан Стајиќ (Пелистер) 25 43.82%
3.Кирил Николовски (Кожув/Еуро Никел 2005) 19 43.75%
4.Димитар Караџовски (Пелистер) 32 42.86%
5.Лендриус Хортон (ТФТ) 31 42.54%
ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Игор Кесар (Пелистер) 30 55.65%
2.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 31 52.65%
3.Никола Малешевиќ (Пелистер) 31 52.01%
4.Лендриус Хортон (ТФТ) 31 51.92%
5.Кирил Николовски (Кожув/Еуро Никел 2005) 19 50.96%
*Најмалку 50% од одиграни натпревари во регуларниот дел од сезоната