28.12.2020

Одличното шутерско издание против Црн Дрим, го донесе Андреј Магдевски на првата позиција на најдобрите реализатори за три поени

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 10. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Трајковски, Соколов, Магдевски имаат сè подобри бројки

По одиграни десет, макар и некомплетирани кола, во кои недостасуваат голем број на неодиграни мечеви, статистичкиот „пресек“ не донесе некои големи промени на листата на најдобрите индивидуални постигнувања.

Особено тоа се однесува за оној поентерски дел, во кој првото место на листата на најдобри стрелци го (со)чува Џуниус Провел. Бекот на Вардар не го одигра последниот меч, па остана на просек од 25.25 поени.

Бројка поголема од 20 реализации имаат уште и: Кори Рос (Куманово 2009) 22.2 поени, Стефан Крстајиќ (Академија ФМП) со 21.6, Лаклан Андерсон (ТФТ) 21.5 и Дарко Соколов (Еуро Никел 2005), кој е на просек од 20.2 поени по натпревар.

Во ТОП 5 листата на најдобрите скокачи „влегоа“ Марко Дујковиќ од Вардар, со просек од десет скока по натпревар, но и сè подобриот Бојан Трајковски (Пелистер), кој на шест мечеви собра 47 скока, или просечно 7.83 по меч.

Лидер, со просечни 10.2 скока, остана Александар Андрејевиќ од Куманово 2009.

Промена има и на листата на најдобри додавачи во Првата лига. Првото место сега е резервирано за Тајрон Херис. Бекот на ТФТ има 42. успешни додавања, или по седум во просек. Веднаш зад тој ефект е оној на Андреј Магдевски од МЗТ Скопје Аеродром со една помалку, а во првите пет додавачи влезе и Александар Костоски (Гостивар) кој е на 5.5 асистенции по натпревар.  

Провел е прв и на листата на играчи со најголем број на загубени топки. Вкупно по 5.25 на еден првенствен натпревар, пред неговите сонародници Кори Рос (Куманово 2009) со 4.2 и Тајрон Херис (ТФТ) со четири загубени топки во просек.  

Уште еден Американец, играч на Гостивар, Малком Армстед, е најдобар, и тоа во категоријата „освоени топки“. Има по 2.5 по натпревар, што е нешто подобро во однос на Тремејн Исабел (МЗТ Скопје Уни Банка) со 2.25 и Ламар Вашингтон од Работнички со 2.2 украдени топки.

Највисокиот играч во Првата лига, Марко Дујковиќ веќе почна да го потврдува „високиот статус“, во делот на блокадите. На три средби, центарот на Вардар реализира 11 блокади, или просечни 3.67 со кои го надмина ефектот на Амир Смит (ТФТ) со 2.6 „банани“ по натпревар.

Кори Рели Рос е играчот кој останал најголем број на минути за време на еден меч. Во просек игра по 38:30 минути, зад него е Тајрон Херис (ТФТ), кој има 36:26, а трет е единствениот Австралиец во нашата елитна лига, Лаклан Андерсон, кој е со 35:47 поминати минути во игра на шест натпревари.

Магдевски пред „колегата“ Стојановски на листата на најдобри „тројкаши“

Што се однесува за оној процентуален дел од статистиката по десеттиот круг од натпреварите, Стефан Крстајиќ од Академија ФМП е најдобриот реализатор на слободните фрлања. На седум средби погодуваше со 85.71%, што е за нијанса подобар скор од оној на Провел од Вардар со 85.45% и сè подобриот Дарко Соколов. Играчот на Еуро Никел 2005 е на 84.38% на успешност од линијата за слободни фрлања.

Во обидите за два поени, нов број 1 е Роналд Херис од Академија ФМП. Има 74.47% на успех од таа позиција, пред Игор Кесар (Пелистер) со 70.69% и Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој е на 70.59%.

Одличното шутерско издание на средбата со Црн Дрим Грин Мобиле, го донесе Андреј Магдевски на првата позиција на најдобрите реализатори за три поени. Има високи 60% на четири одиграни мечеви, што е за малку подобар скор во однос на неговиот клупски и репрезентативен соиграч, Дамјан Стојановски (58.33%), и Кори Рос (Куманово 2009) кој погодува со 57.14% од таа позиција.

Уште еден „кумановец“, Алесандар Андрејевиќ е прв во вкупниот шут од поле, со 70.37% на реализација. Пред Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 69.44% и Никола Малешевиќ, еден од најзаслужните за првото место на Пелистер во овој момент, кој погодува со 63.93% од позициите вредни два и три поени.   

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек
Џуниус Провел (Вардар)           4          101     25.25
Кори Рос (Куманово 2009)       5          111     22.2
Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   5          108     21.6
Лаклан Андерсон (ТФТ) 6          129     21.5
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    5          101     20.2

СКОКОВИ
Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          51       10.20
Марко Дујковиќ (Вардар)         3          30       10.0
Александар Тодоровиќ (Гостивар)    6          56       9.33
Роберт Монтгомери (МЗТ УБ) 5          40       8.000
Бојан Трајковски (Пелистер)    6          47       7.83  

АСИСТЕНЦИИ
Тајрон Херис (ТФТ)           6          42       7.00
Тремејн Исабел (МЗТ Скопје УБ)        4          27       6.75
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     4          24       6.00
Александар Костоски (Гостивар)        6          33       5.50
Џуниус Провел (Вардар)           4          22       5.50

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
Џуниус Провел (Вардар)           4          21       5.25
Кори Рос (Куманово 2009)       6          24       4.00
Тајрон Херис (ТФТ)           4          14       3.5
Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   3.43
Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          17       3.40

ОСВОЕНИ ТОПКИ
Малком Армстед (Гостивар)    6          16       2.50
Тремејн Исабел (МЗТ УБ)          4          9          2.25
Ламар Вашингтон (Работнички)         5          11       2.20
Тајрон Херис (ТФТ)           6          13       2.17
Горјан Марковски (Куманово 2009) 5          11.80

БЛОКАДИ
Марко Дујковиќ (Вардар)         3          11       3.67
Амир Смит (ТФТ)   5          13       2.60
Љубомир Младеновски (Работнички)         5          6          1.20
Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         6          7          1.17
Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          5          1.00

МИНУТИ
Кори Рос (Куманово 2009)       5          190:19          38:30
Тајрон Херис (ТФТ)           4          218:36          36:26
Лаклан Андерсон (ТФТ) 4          214:44          35:47
Марко Симоновски (Кожув)     2          70:29 35:14
Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         6          208:51          34:48

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   7          85.71%
Џуниус Провел (Вардар)           4          85.45%
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    5          84.38%
Александар Тодоровиќ (Гостивар)    6          79.49%
Стефан Балмазовиќ (Работнички)     5          76.19%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Роналд Херис (Академија ФМП)        7          74.47%
Игор Кесар (Пелистер)   6          70.69%
Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  4          70.59%
Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          70.37%
Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         6          68.89%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     4          60.0%
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)   4          58.33%
Кори Рос (Куманово 2009)       5          57.14%
Бојан Трајковски (Пелистер)    6          54.17%
Стефан Балмазовиќ (Работнички)     53.66%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)
Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          70.37%
Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  4          69.44%
Никола Малешевиќ (Пелистер)          6          63.93%
Игор Кесар (Пелистер)   6          63.77%
Малком Армстед (Гостивар 2009)     6          59.68%
Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)       5          58.62%