20.01.2021

...

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 11. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Провел не го дава првото поентерско место

Кај поентерите, бекот на Вардар, Џуниус Провел го задржа првото место. Има просек од 24.83 поени, пред неговиот американски сонародник од екипата на Куманово 2009, Кори Рос и Стефан Балмазовиќ (Работнички).

И двајцата се на просек од 21. поен по натпревар.

По 11. некомплетни кола во Првата лига, имаме нов скокачки лидер, се вика Никола Станојевиќ. Навистина до просекот од 11.33 скока крилниот играч на Кожув дојде по само три одиграни мечеви, доволно да биде пред Монтгомери (МЗТ Скопје Уни Банка) со 10, и Александар Андрејевиќ (Куманово 2009) со 9.83 скока по меч.

Кај асистентите, број 1 засега е Тајрон Херис од редовите на ТФТ со просечни 7.86 успешни додавања до соиграчите. Пред Андреј Магдевски од МЗТ Скопје Аеродром со 5.83 и Александар Костоски (Гостивар), кој има 5.57.

Џуниус Провел е прв на уште една листа. Онаа на играчи со најголем број на загубени топки, Бекот на „вардарци“ има просек од 6.33 загубени топки, пред Кори Рос (Куманово 2009) со 4.0 и Тајрон Херис (ТФТ) кој е на 3.71.

Во онаа која ја сакаат тренерите, за најмногу освоени топки по натпревар, прв е Тремејн Исабел (МЗТ Скопје Уни Банка) со 2.25 украдени топки, пред Ивица Димчевски (Гостивар) со нијанса послаби 2.2 и Тајрон Херис (ТФТ) со точно две освоени топки по натпревар.

Би се рекло и помалку очекувано, Марко Дујковиќ е прв блокер во лигата. Највисокиот играч во елитниот ранг на натпреварување има просечни 3.2 блокади по меч, далеку подобро во однос на Амир Смит (ТФТ), кој е на 2.33 и Љубомир Младеновски (Работнички) со 1.57 блокади во просек.

Во просек најмногу минути на теренот поминува Кори Рели Рос, по 36:58 минути. Нешто помал е просекот на Тајрон Херис (ТФТ), кој има 36:53 и Димитар Караџовски од Кожув, со 36:10 минути минати на паркетот.

Процентуално гледано, Стефан Крстајиќ останува најдобар изведувач на слободните фрлања. Бекот на Академија ФМП погодува со 84.75% на успешност.

Игор Кесар е најдобар реализатор во обидите вредни по два поени. Крилото на Пелистер погодува со 72% на успешност од таа позиција.

Најдобар реализатор на тројки пак е Војче Лефкоски. Играчот кој пред извесно време се „пресели“ во редовите на Црн Дрим Грин Мобиле погодува со 53.33% на успех од линијата зад 6.75 метри.

Севкупно гледано, најдобар процент на реализација од поле има Андрија Бојиќ. Крилниот центар на МЗТ Скопје Аеродром го прави тоа со 69.44%, макар на само четири одиграни натпревари досега.

Комплетна индивидуална статистика на десет најдобри остварувања по одиграното 11.коло на следниот ЛИНК

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Џуниус Провел (Вардар)           6          149     24.83

Кори Рос (Куманово 2009)       6          126     21.00

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     7          147     21.00

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   8          166     20.75

Лаклан Андерсон (ТФТ) 7          142     20.29

СКОКОВИ

Никола Станојевиќ (Кожув)      3          34       11.33

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ) 6          60       10.00

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  6          59       9.83

Марко Дујковиќ (Вардар)         5          47       9.40

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    7          59       8.43

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           7          55       7.86

Тремејн Исабел (МЗТ Скопје УБ)        4          27       6.75

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     6          35       5.83

Александар Костоски (Гостивар)        7          39       5.57

Ерик Питс (Работнички) 7          39       5.57

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар)           6          38       6.33

Кори Рос (Куманово 2009)       6          24       4.00

Тајрон Херис (ТФТ)           7          26       3.71

Хасани Гравет (МЗТ Скопје А)  6          21       3.50

Виктор Ташковски (Вардар)     8          26       3.25

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Тремејн Исабел (МЗТ УБ)          6          15       2.50

Ивица Димчевски (Гостивар)   5          11       2.20

Тајрон Херис (ТФТ)           7          14       2.00

Ламар Вашингтон (Работнички)         7          13       1.86

Горјан Марковски (Куманово 2009) 6          10       1.67

БЛОКАДИ

Марко Дујковиќ (Вардар)         5          16       3.20

Амир Смит (ТФТ)   6          14       2.33

Љубомир Младеновски (Работнички)         7          11       1.57

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         7          9          1.29

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)     5          5          1.00

МИНУТИ

Кори Рос (Куманово 2009)       221:48          36:58

Тајрон Херис (ТФТ)           7          258:15          36:53

Димитар Караџовски (Кожув) 5          180:54          36:10

Лаклан Андерсон (ТФТ) 7          248:38          35:31

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         7          245:14          35:20

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   8          84.75%

Џуниус Провел (Вардар)           6          81.43%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    6          79.49%

Игор Кесар (Пелистер)   8          79.49%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    7          79.49%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Игор Кесар (Пелистер)   6          70.69%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  4          70.59%

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)     70.21%

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         7          69.23%

Роналд Херис (Академија ФМП)        8          69.23%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ)          6          53.33%

Кори Рос (Куманово 2009)       5          57.14%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     6          52.0%

Никола Малешевиќ (Пелистер)          8          50.0%

Димитар Караџовски (Кожув) 5          47.06%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  4          69.44%

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  6          65.63%

Игор Кесар (Пелистер)   8          65.59%

Олуфеми Алуџоби (МЗТ Скопје А)     5          60.94%

Никола Малешевиќ (Пелистер)          8          59.68%