ФОТО: Кахим Рансом (МЗТ Скопје Уни Банка) е втор стрелец во лигата со просек од 20 поени по меч
Победата на МЗТ Скоје Уни Банка против Работнички беше окарактеризирана како големо изненадување во последното коло од 2021 година. Но извесно е дека има и „причини“ за победата на младиот тим од Аеродром под „Кале“.
Една од нив се вика Кахем Рансом. Во овој момент, вториот стрелец во лигата, со просек од точно 20.поени по натпревар.
Пред него е само неговиот сонардоник од САД кој игра за Работнички, Џексон Пол кој 2021 година ја завршува со највисок просек од 23.82 поени по натпревар.
Иако повеќе не настапува за Ангели, Исаја Мандерсон фигурира како најдобар скокач во лигата, со просечни 8.88 скока по меч, пред Недим Мустафица (Работнички) со 8.45 и Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 8.33.
Чез Вилијамс имаше уште едно одлично индивидуално издание против ТФТ, но без краен клупски ефект. Сепак, останува лидер на додавачите со просечни 7.83 асистенции, пред Ејасу Ворку (Гостивар) со 7.08 и Александар Костоски (ТФТ), кој има 6.82.
Џон Васар, вториот странски играч кој веќе не е дел од екипата на Ангели, има(ше) најголем број на загубени топки – по 3.7, додека пак на листата на играчи со најголем број на освоени топки, фигурира името на Бре Ајви (Навико Академија ФМП), кој е на просечни 2.2 украдени топки.
Амир Смит (ТФТ) останува најдобар блокер во лигата, сега со просечни две блокади по натпревар, додека пак Чез Вилијамс се искачи на првото место во категоријата на играчи со најголем број на минути.
Американскиот бек од редовите на Кожув во просек игра по 36:40 минути со кои го надмина двоецот од Феникс 2010, Андреј Митревски-Двејн Морган.
Нема големи поместувања и во оној процентуален дел од индивидуалната статистика.
Исаја Мандерсон стои како најдобар реализатор на слободните фрлања, со 84.44% на успешност, пред Стефан Крстајиќ (Навико Академија ФМП) со 84.38% и Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 81.82%.
Најдобар во шутот вреден по два поени, сеуште е Игор Кесар. Силното крило на Пелистер имаше сосема добра реализација и во дербито со МЗТ Скопје во Аеродром. Сега е на 70.48% на успешност од таа позиција пред Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 69.05%, и Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 61.54%.
Промена има на листата на најдобрите шутери за три поени. Нов лидер е Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) со високи 53.85% на реализација, пред Бобан Стајиќ (Пелистер) кој го подигна процентот на 53.33% и уште еден играч од Еуро Никел 2005, Џордан Калахан кој е на 51.67%.
Севкупно, повторно Игор Кесар има најдобра реализација од поле, со 61.15% пред Александар Тодоровиќ (Гостивар) кој е на 55.47% Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 54.55%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Џексон Пол (Работнички) 11 262 23.82
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 11 220 20.00
3.Исаја Мандерсон (Ангели) 8 159 19.88
4.Стефан Крстајиќ (Навико ФМП) 12 236 19.67
5.Куртис Џонс (Феникс 2010) 9 176 19.56
СКОКОВИ
1.Исаја Мандерсон (Ангели) 8 71 8.88
2.Недим Мустафица (Работнички) 11 93 8.45
3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 12 100 8.33
4.Аула Шумбри (Ангели) 6 50 8.33
5.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 12 100 8.33
АСИСТЕНЦИИ
1.Чез Вилијамс (Кожув) 12 94 7.83
2.Ејасу Ворку (Гостивар) 12 85 7.08
3.Александар Костоски (ТФТ) 11 75 6.82
3.Дастин Вер (МЗТ Скопје А) 12 77 6.42
5.Џексон Пол (Работнички) 11 70 6.36
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Џон Васар (Ангели) 10 37 3.70
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 11 39 3.55
3.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 6 19 3.17
4.Чез Вилијамс (Кожув) 12 38 3.17
5.Џексон Пол (Работнички) 11 34 3.09
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Бре Ајви (Н.Академија ФМП) 10 22 2.20
2.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 11 23 2.09
3.Ахмад Кларк (Феникс 2010) 12 24 2.00
4.Марјан Младеновиќ (Пелистер) 12 22 1.83
5.Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009) 12 22 1.83
БЛОКАДИ
1. Амир Смит (ТФТ) 8 16 2.00
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 11 19 1.73
3.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 12 16 1.33
4.Аула Сумбри (Ангели) 6 8 1.33
5.Давид Хоутон (Пелистер) 12 14 1.17
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Чез Вилијамс (Кожув) 12 440:80 36:40
2.Андреј Митревски (Феникс 2010) 12 437:30 36:25
3.Двејн Морган (Феникс 2010) 12 429:57 35:49
4.Исаја Мандерсон (Ангели) 8 276:28 34:33
5.Ејасу Ворку (Гостивар) 12 405:28 33:47
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН
1.Исаја Мандерсон (Ангели) 8 84.44%
2.Стефан Крстајиќ (Н. Академија ФМП) 12 84.38%
3.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 12 81.82%
4.Џозеф Кејлеб (Куманово 2009) 8 81.82%
5.Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) 12 81.03%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Игор Кесар (Пелистер) 11 70.46%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 12 69.05%
3.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје А) 11 61.54%
4.Ејасу Ворку (Гостивар) 12 61.26%
5.Недим Мустафица (Работнички) 11 60.81%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Бранислав Ѓекиќ (Еуро Никел 2005) 11 54.29%
2.Бобан Стајиќ (Пелистер) 10 51.28%
3.Џордан Калахан (Еуро Никел 2005) 12 51.67%
4.Кирил Николовски (Кожув) 12 50.94%
5.Кахем Рансом (МЗТ Скопје УБ) 11 48.98%
ШУТ – ВКУПНО
1.Игор Кесар (Пелистер) 11 61.15%
2.Александар Тодоровиќ (Гостивар) 12 55.47%
3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје А) 12 54.55%
4.Кирил Николовски (Кожув) 12 54.30%
5.Никола Малешевиќ (Пелистер) 12 53.15%