21.01.2020

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 12.ОДИГРАНИ КОЛА: Само Харис преку „дваесетката“

Бекот на Академија ФМП го задржа високиот просек, од скоро 21.поен по натпревар, со кој го држи врвот на листата на најдобрите стрелци во шампионатот.

 

Можеби на неговата екипа не и оди според очекувањата, но затоа пак Роналд Харис продолжува со добрите, и пред се ефикасни изданија во Првата лига. На средбата против Пелистер американскиот бек го оддржа својот поентерски ефект со кој влезе во 2020 година.

Реализираше 22.поени, што е дури и над неговиот актуелен просек од скоро 21.поен по натпревар. Доволно за првата позиција на листата на стрелците на која во првите три е двоецот од Гостивар, Џелетовиќ (19.92) и Доналдсон (19.75).

Уште еден играч на Академија ФМП е прв, но на листата на скокачи. Александар Лонг досега реализираше 55.скока на седум одиграни мечеви за „пантерите“. Или во просек по 7.86 скока, нешто подобро во однос на Славчо Темелковски од Вардар (7.7) и репрезентативецот Љубомир Младеновски (7.45).

Марјан Младеновиќ го промени клубот, но не и навиките – да дели асистенции до соиграчите. На дебито за Работнички, и тоа во мечот со неговиот поранешен клуб, Куманово, подели осум асистенции, нешто под неговиот просек, кој сега изнесува 10.42. Скоро двојно повеќе од неговиот нов соиграч, Хејден Лесколт кој има 5.83 и Бобан Стајиќ so 5.27.

Младеновиќ остана и прв на листата на играчи со најмногу загубени топки – има по 4.67, Дарио Митевски од МЗТ Скопје Уни Банка има по четири, а Антон Казарновски (Пелистер) по 3.5.

Но сега е и прв според бројот на одиграни минути. На премиерниот меч во новито дрес, оној на Работнички, ги одигра сите 40.минути, па сега има просечни 36:43 по натпревар. Или малку повеќе во однос на неговиот нов партнер во играта на „црвено-белите“, Хејден Лесколт (35:8) и Роналд Харис од Академија ФМП (35:3)

Бобан Стајиќ е број 1 по бројот на освоени топки. Бекот на Кожув има просек од 2.55 по меч, пред Невеш (Вардар) со 2.09 и Лесколт (Работнички) со 2.08.

Позицијата на најдобар блокер сеуште ја држи Љубомир Младеновски од Работнички, има по 1.36 блокади на натпревар, нешто повеќе од неговиот репрезентативен колега, Бојан Крстевски (1.08), и неговиот соиграч од МЗТ Скопје Аеродром, Марин Морнар (просек од една блокада по меч).

Процентуално, Дамјан Стојановски беше и останува најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања (90.91%). Зад него е Антон Казарновски (89.66%), и Еван Пејн со 85.42% на реализација.

Во шутот за два поени, во преден план е ефектот на Ѓорѓе Каплановиќ – просек од 72.73%. Следуваат Теодор Атанасов од Куманово 2009 со 69.57% и Еван Пејн (Кожув) кој погодува со 67.47% од таа позиција.

Во оној кој вреди три поени, на првото место се проби Јане Петровски. Бекот на Еуро Никел 2005 има одлични 53.57%, а преку 50% на успешност има и Кирил Николовски од Работнички, кој на средбата со Куманово 2009 ги погоди сите шест обиди од линијата зад 6.75 метри.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Р. Харис (Академија ФМП)    11       230     20.91
2. Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар)        12       239     19.92
3.Д.Доналдсон (Гостивар)        12       237     19.75
4.Х. Лесколт (Работнички)        12       221     18.42
5.А. Марзет (Еуро Никел 2005)           12       220     18.33

СКОКОВИ

1.Д.Мареро (Кожув)        7          63       9.0
2.А.Лонг (Академија ФМП)      7          55       7.86
3.С.Темелковски (Вардар)        10       77       7.7
4.Љ.Младеновски (Работнички)        11       82       7.45
5.М.Јанески (Куманово 2009) 12       89       7.42

АСИСТЕНЦИИ

1.М.Младеновиќ(Работнички)           12       125     10.42
2.Х.Лесколт (Работнички)         12       70       5.83
3.Б. Стајиќ (Кожув)           11       58       5.27
4.Ф. Думиќ (Пелистер)   10       50       5.0
5.Д.Доналдсон (Гостивар)        12       56       4.67

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          12       56       4.67
2.Ф.Јунику (Вардар)        7          30       4.29
3.Д.Митевски (МЗТ Скопје УБ) 12       48       4.0
4.А.Казарновски (Пелистер)    12       42       3.5
5.Х.Лесколт (Работнички)         12       42       3.5

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Б.Стајиќ (Кожув)            11       28       2.55
2.А.Невеш (Вардар)         11       23       2.09
3.Х.Лесколт (Работнички)         12       25       2.08
4.А.Цветковски (Пелистер)       12       24       2.0
5.А.Лонг (Академија ФМП)      7          14       2.0

БЛОКАДИ

1.Љ.Младеновски (Работнички)        11       15       1.36
2.Б.Крстевски (МЗТ Скопје А)   12       13       1.08
3.М.Морнар (МЗТ Скопје А)     10       10       1.0
4.Б.Трајковски (Кожув)  7          6          0.86
5.А.Лонг (Академија ФМП)      7          6          0.86

МИНУТИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          12       440:41          36:43
2.Р.Харис (Академија ФМП)     11       391:80          35:33
3.Х.Лесколт (Работнички)         12       421:40          35:08
4.М.Јанески (Куманово 2009) 12       420:00          35.00
5.Д.Мијатовиќ (Работнички)    415:60          34:35

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА

1.Д.Стојановски (МЗТ Скопје А)          10       90.91%
2.Антон Казарновски (Пелистер)       12       89.66%
3.Е.Пејн (Кожув)   12       85.42%
4.Р.Харис (Академија ФМП)     11       80.00%
5.Д.Доналдсон (Гостивар)        12       69.09%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Ѓ.Каплановиќ (Еуро Никел 2005)    12       72.73%
2.Т.Атанасов (Куманово 2009) 69.57%
3.Е.Пејн (Кожув)   12       67.47%
4.Д.Доналдсон (Гостивар)        12       66.29%
5.Т.Зданавичиус (Кожув)           11       66.27%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Ј.Петровски (Еуро Никел 2005)       12       53.57%
2.К.Николовски (Работнички) 7          52.17%
3.Д.Тасовски (Гостивар) 12       46.51%
4.Д.Нацевски (Академија ФМП)         12       46.3%
5.В.Враниќ (Пелистер)    12       45.9%

ШУТ ОД ПОЛЕ

1.Д.Доналдсон (Гостивар)        12       57.72%
2.Е.Пејн (Кожув)   12       57.35%
3.Т.Зданавичиус (Кожув)           11       57.14%
4.А.Казарновски (Пелистер)    12       56.30%
5.Р.Харис (Академија ФМП)     11       54.23%