01.02.2021

Бекот на Академија ФМП имаше уште еден „богат“ поентерски ден со кој се доближи до ефектот на водечкиот на листата на стрелци...

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 13. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Крстајиќ го следи Провел, Кесар е се поблиску до нив

Џуниус Провел останува лидер на стрелците во Првата лига. Но по 13.одиграно коло добива сериозна конкуренција во Стефан Крстајиќ.

Бекот на Академија ФМП реализираше 34.поени во дуелот со Еуро Никел 2005, па сега има просек од 22.18 поени со кои го надмина ефектот на Кори Рос (Куманово) и Срефан Балмазовиќ (Работнички) кои се на просек од 21.поен, на кој останаа поради тоа што не ги одиграа последните мечеви.  

Во ТОП 5 на оваа, како и на листата на најдобри скокачи, се проби еден од најдобрите играчи на Пелистер, Игор Кесар.

Крилото на лидерот има просечни 20.17.поени, но и 7.92 скока на листата на најдобрите скокачи на која лидерското место остана за Роберт Монтгомери, кој поради повреда го „прескокна“ дуелот со Куманово.

Тајрон Херис од ТФТ, ја зголеми својата предност на листата на најдобрите додавачи. Сега е на просек од 8.55 асистенции, пред Александар Костоски (Гостивар) со 6.5, и Бобан Стајиќ, кој сега е на третото место со просечни 5.67 асистенции по меч.

Провел останува прв и на листата на играчи со најголем број на загубени топки. Бекот на Вардар во просек греши по 5.22 на натпревар, пред Кори Рос (Куманово) 3.75 и Тајрон Херис (ТФТ) со 3.73 загубени топки.

Бекот на Гостивар, Ивица Димчевски е број 1 во бројот на освоени топки, има по 2.25 на натпревар, а Марко Дујковиќ и покрај нешто послабите изданија, е најдобриот блокер во лигата. Има просек од 2.63 блокади по натпревар.

Кори Рос од Куманово е „најупотребуваниот“ играч. Просечно игра по 36:18 минути по средба, зад него е Тајрон Херис (ТФТ) со скоро идентични 36:16 минути, а трет е Џуниус Провел од Вардар со 35:28.

ФОТО: Димитар Петковски

Во оној процентуален дел од статистиката, поточно, оној кој ги рангира најдобрите изведувачи на слободни фрлања, го става Џуниус Провел на уште една лидерска позиција. Ги изведува „пеналите“ со 83.7% на успешност, што е подобро од ефектот на Крстајиќ (Академија ФМП) кој е на 83.3% и Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) кој има 79.63%.

Игор Кесар од Пелистер е најдобриот реализатор во шутот за два поени. Го прави тоа со 70.69%, пред Никола Силаџи од Кожув кој има 69.77% на успешност и Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005) со 68/57%.

Во шутот за три поени води Војче Лефкоски од Црн Дрим Грин мобиле со 50% а успешност, пред  Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) со 47%, односно Кори Рос (Куманово) со 46.67%.

Се заедно во оној шут од поле, прв е уште еднаш Игор Кесар со 64.08% на точност. Пред неговиот тимски соиграч Никола Малешевиќ кој има 57.72% и се подобриот бек на Академија ФМП, Роналд Херис со 57.28%.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Џуниус Провел (Вардар)           9          211     23.44

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   11       244     22.18

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     7          147     21.00

Кори Рос (Куманово 2009)       8          168     21.00

Игор Кесар (Пелистер)   12       242     20.17

СКОКОВИ

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ) 8          86       10.75

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  9          85       9.44

Амир Смит (ТФТ)   10       90       9.00

Марко Дујковиќ (Вардар)         8          71       8.88

Игор Кесар (Пелистер)   12       95       7.92

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           11       94       8.55

Александар Костоски (Гостивар)        10       66       6.50

Бобан Стајиќ (Пелистер)            12       68       5.67

Ерик Питс (Работнички) 7          39       5.57

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)    10       55       5.50

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар)           9          47       5.22

Кори Рос (Куманово 2009)       8          30       3.75

Тајрон Херис (ТФТ)           11       41       3.73

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  9          29       3.22

Џошуа Скот (Кожув)        9          28       3.11

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ивица Димчевски (Гостивар)   8          18       2.25

Ламар Вашингтон (Работнички)         7          13       1.86

Џуниус Провел (Вардар)           9          16       1.78

Чез Вилијамс (Пелистер)           12       21       1.75

Тајрон Херис (ТФТ)           11       19       1.73

БЛОКАДИ

Марко Дујковиќ (Вардар)         8          21       2.63

Амир Смит (ТФТ)   10       26       2.60

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         10       16       1.60

Љубомир Младеновски (Работнички)         7          11       1.57

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)     7          7          1.00

МИНУТИ

Кори Рос (Куманово 2009)       290:29          36:18

Тајрон Херис (ТФТ)           11       398:57          36:16

Џуниус Провел (Вардар)           9          319:14          35:28

Димитар Караџовски (Кожув) 9          311:41          34:37

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    9          311:13          34:34

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Џуниус Провел (Вардар)           9          83.70%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   11       83.33%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    9          79.63%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    10       78.00%

Никола Малешевиќ (Пелистер)          12       76.27%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Игор Кесар (Пелистер)   12       70.69%

Никола Силаџи (Кожув) 6          69.77%

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         10       68.57%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  5          67.57%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    10       66.67%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ)          9          50.00%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     8          47.06%

Кори Рос (Куманово 2009)       8          46.67%

Кајлер Мозли (Гостивар)           6          45.83%

Димитар Караџовски (Кожув) 9          45.45%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Игор Кесар (Пелистер)   10       66.67%

Никола Малешевќ (Пелистер) 12       57.72%

Роналд Херис (Академија ФМП)        11       57.28%

Олуфеми Алуџоби (МЗТ Скопје А)     7          57.14%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    9          57.00%