27.01.2020

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 13.ОДИГРАНИ КОЛА: Сега Лесколт е прв поентер во лигата!

Бекот на Работнички имаше феноменално поентерско издание во Битола, по кое ја превзема водечката позиција на листата на најдобрите стрелци во шампионатот.

 

Хејден Лесколт е нов лидер на листата на најдобрите стрелци во Првата лига. Феноменалното поентерско издание на Американецот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, изразено преку реализација на 43. поени, придонесе да избие на првата позиција во онаа прва статистичка категорија.
Сега со просек од 20.31 поен, со кој го надмина ефектот на сонародникот Роналд Харис од Академија ФМП кој се симна на 20.поени, колку што има и Ѓорѓе Џелетовиќ од Гостивар.   

Хејден котира одлично и на листата на најдобри додавачи во лигата. Засега е второпласиран, зад неговиот нов соиграч во Работнички, Марјан Младеновиќ, кој е скоро и недостижен. Има просечни 10.46 асистенции, додека Лесколт е на 5.54 додавања, а Бобан Стајиќ од Кожув на 5.27.

Американецот од редовите на тимот од „Градски парк“ е и трет на листата на играчи со најмногу загубени топки. Во просек губи по 3.38. Помалку во однос на Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) со 4.00 односно Марјан Младеновиќ кој е на 4.46.

Звучи неверојатно, но Лесколт е и втор во категоријата на играчи кои освоиле најмногу топки. Има по 2.23 топки по меч, а подобар од него во овој момент е само Бобан Стајиќ со 2.55.

Хејден е и третиот на листата на играчи со најмногу одиграни минути. Во просек на 13. средби, има по 35:51 минута.

Со оглед на тоа дека Дехуан Мареро го напушти Кожув, нов статистички лидер во рубриката кошарка е Славчо Темелковски. Крилото на Вардар е на просек од 8.36 скока по меч, пред Александар Лонг (Академија ФМП ) со 7.88 и Љубомир Младеновски (Работнички) со 7.33.

Според бројките кои се мерат во проценти, Дамјан Стојановски е водечки на листата на најдобрите изведувачи на слободните фрлања.

Репрезентативниот бек на МЗТ Скопје Аеродром погодува со 90.91% на успешност од таа позиција. Висок е процентот и на Антон Казарновски од Пелистер, кој има 90.77%, а нешто понизок пак е оној на Еван Пејн (Кожув) кој е на 86.79%.

Кога се говори за оној кој вреди два поени, тука неприкосновен е Ѓорѓе Каплановиќ.

Центарот на Еуро Никел 2005 реализира со 71.15% на успешност пред се подобриот Еван Пејн (Кожув) со 69.47% и Теодор Атанасов (Куманово 2009) со 69.39%.

Јане Петровски (Еуро Никел 2005) и Кирил Николовски (Работнички) се единствените двајца кошаркари кои погодуваат со над 50%.

Петровски е на просек од 52.46%, а Николовски на 51.85%.

Во просек пак, Томас Зданавичиус од Кожув е најдобриот реализатор од поле. Има просечни 58.93%, пред соиграчот од Гевгелија, Пејн со 57.89% и Адем Мекиќ (Пелистер) кој пак од дистанца погодува со 56.1% на успешност.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Х.Лесколт (Работнички)         13       264     20.31
1.Р. Харис (Академија ФМП)    12       240     20.00
2. Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар)         13       260     20.00
3.Д.Доналдсон (Гостивар)        13       255     19.62
5.Е.Пејн (Кожув)   13       244     18.77

СКОКОВИ

1.Д.Мареро (Кожув)        7          63       9.0
2.С.Темелковски (Вардар)        11       92       8.36
3.А.Лонг (Академија ФМП)      8          63       7.88
4.Љ.Младеновски (Работнички)        12       88       7.33
5.М.Јанески (Куманово 2009) 13       95       7.31

АСИСТЕНЦИИ

1.М.Младеновиќ(Работнички)           13       136     10.46
2.Х.Лесколт (Работнички)         13       72       5.54
3.Б. Стајиќ (Кожув)           11       58       5.27
4.Ф.Думиќ (Пелистер)    11       57       5.18
5.Д.Доналдсон (Гостивар)        13       62       4.77

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          13       58       4.46
2.Д.Митевски (МЗТ Скопје УБ) 13       52       4.0
3.Х.Лесколт (Работнички)         13       44       3.38
4.А.Казарновски (Пелистер)    13       43       3.31
5.Д.Робев (Вардар)          13       42       3.23

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Б.Стајиќ (Кожув)            11       28       2.55
2.Х.Лесколт (Работнички)         13       29       2.23
3.А.Невеш (Вардар)         12       26       2.17
4.М.Младеновиќ (Работнички)          13       27       2.08
5.А.Цветковски (Пелистер)       13       25       1.92

БЛОКАДИ

1.Љ.Младеновски (Работнички)        12       15       1.25
2.Б.Крстевски (МЗТ Скопје А)   13       13       1.00
3.М.Морнар (МЗТ Скопје А)     11       10       0.91
4.Б.Трајковски (Кожув)  7          6          0.86
5.А.Лонг (Академија ФМП)      8          6          0.75

МИНУТИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          13       490:41          37:44
2.Р.Харис (Академија ФМП)     12       430:31          35:52
3.Х.Лесколт (Работнички)         13       466:14          35:51
4.Д.Мијатовиќ (Работнички)    13       462:15          35:33
5.М.Јанески (Куманово 2009) 13       456:35          35:07

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА

1.Д.Стојановски (МЗТ Скопје А)          11       90.91%
2.А. Казарновски (Пелистер)    13       90.77%
3.Е.Пејн (Кожув)   13       86.79%
4. Хејден Лесколт (Работнички)          13       82.69%
5.Р.Харис (Академија ФМП)     12       79.76%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Ѓ.Каплановиќ (Еуро Никел 2005)    13       71.15%
2.Е.Пејн (Кожув)   13       69.47%
3.Т.Атанасов (Куманово 2009) 8          69.39%
4.Т.Зданавичиус (Кожув)           12       67.42%
5.А. Казарновски (Пелистер)    13       65.56%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Ј.Петровски (Еуро Никел 2005)       13       52.46%
2.К.Николовски (Работнички) 8          51.85%
3.В.Враниќ (Пелистер)    13       46.15%
4.И.Димчевски (Гостивар)        12       44.93%        
5.Џ.Хиндс (МЗТ Скопје А.)         9          44.44%

ШУТ ОД ПОЛЕ

1.Т.Зданавичиус (Кожув)           12       58.93%
2.Е.Пејн (Кожув)   12       57.35%
3.А.Мекиќ (Пелистер)     12       56.10%
4.Д.Доналдсон (Гостивар)        13       55.90%
5.А.Казарновски (Пелистер)    13       55.81%