08.02.2021

Повратникот кај „сино-белите“ веќе има најдобар процент на реализација од поле во лигата

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 14. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Ѓекиќ ги поправа бројките на Куманово

Пет натпревари му беа потребни на Бранислав Ѓекиќ да покаже дека е идеално дополнение за екипата на Куманово 2009. Искусниот српски интернационалец е еден од најзаслужните за серијата на победа за „сино-белите“. Како во БИБЛ лигата така и во домашниот шампионат.

Малку време му требаше да се промовира како најдобар реализатор во удари вредни два поени, но и второто место воопшто, во шутот од далечина.

По ова одиграно (некомплетно) 14.коло, повратникот во мак-баскетот има највисоки 76.67% на реализација во ударите за два поени, со што го помина Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје Аеродром) кој има 71.63% и Игор Кесар од Пелистер кој е на 70.69%.

Ѓекиќ е втор во севкупниот поредок на најдобрите реализатори од поле. Погодува со 63.27% што е за нијанса послабо во однос на ефектот на Игор Кесар (Пелистер) кој води во оваа категорија, со 64.08% на реализација од дистанца.

Кога сме кај тој процентуален дел, Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ) останува најдобар во категоријата „шут за три поени“. Погодува со 47.55% на успешност, додека пак најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања останува Џуниус Провел од Вардар, со 83.7%.

Провел, чија екипа го одложи дуелот со Пелистер, со просек од 23.44 поени, останува најдобар стрелец во првенството кое поради активностите на нашата сениорска селекција ќе продолжи пред крајот на овој месец.

Роберт Монтгомери (МЗТ Скопје Уни Банка) и понатаму е најдобриот скокач. Сега со просек од 11.2 скока, а Тајрон Херис од ТФТ најдобар кај асистентите. Американецот е на просек од 8.55 асистенции п меч, но сериозно му се заканува Александар Костоски (Гостивар), кој стигна до седум успешни додавања по натпревар.

Провел останува и лидер ан играчките со најголем број на загубени топки, по 5.22 на меч, додека пак Ивица Димчевски е на истата позиција, но според бројот на освоени топки. Бекот на Гостивар има просечни 2.22 украдени топки на девет одиграни мечеви.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Џуниус Провел (Вардар)           9          211     23.44

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   13       296     22.77

Кори Рос (Куманово 2009)       8          168     21.00

Игор Кесар (Пелистер)   12       242     20.17

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     8          159     19.88

СКОКОВИ

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ) 10       112     11.20

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  10       98       9.80

Амир Смит (ТФТ)   10       90       9.00

Марко Дујковиќ (Вардар)         8          71       8.88

Никола Станојевиќ (Кожув)      9          76       8.44

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           11       94       8.55

Александар Костоски (Гостивар)        11       77       7.00

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)    11       66       6.00

Ерик Питс (Работнички) 8          46       5.75

Бобан Стајиќ (Пелистер)            12       68       5.67

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар)           9          47       5.22

Кори Рос (Куманово 2009)       8          30       3.75

Тајрон Херис (ТФТ)           11       41       3.73

Џејмс Каухерд (Црн Дрим ГМ) 8          26       3.25

Џошуа Скот (Кожув)        11       35       3.18

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ивица Димчевски (Гостивар)   9          20       2.22

Ламар Вашингтон (Работнички)         7          13       1.86

Отис Ливингстон (Куманово 2009)    5          9          1.80

Џуниус Провел (Вардар)           9          16       1.78

Чез Вилијамс (Пелистер)           12       21       1.75

БЛОКАДИ

Марко Дујковиќ (Вардар)         8          21       2.63

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)    5          13       2.60

Амир Смит (ТФТ)   10       26       2.60

Љубомир Младеновски (Работнички)         8          13       1.63

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         11       16       1.45

МИНУТИ

Кори Рос (Куманово 2009)       290:29          36:18

Тајрон Херис (ТФТ)           11       398:57          36:16

Џуниус Провел (Вардар)           9          319:14          35:28

Димитар Караџовски (Кожув) 11       378:20          34:23

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    10       342:60          34:12

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Џуниус Провел (Вардар)           9          83.70%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    10       81.03%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   13       81.00%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    11       79.63%

Никола Силаџи (Кожув) 8          76.74%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Бранислав Џекиќ (Куманово 2009)   5          76.67%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  6          71.43%

Игор Кесар (Пелистер)   12       70.69%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    11       69.23%

Никола Силаџи (Кожув) 8          68.97%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ)          10       47.50%

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)    6          47.37%

Кори Рос (Куманово 2009)       8          46.67%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     9          45.95%

Кајлер Мозли (Гостивар)           6          45.83%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Игор Кесар (Пелистер)   10       66.67%

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)    5          63.27%

Олуфеми Алуџоби (МЗТ Скопје А)     8          59.41%

 

Никола Малешевќ (Пелистер) 12       57.72%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    11       57.55%