Репрезентативниот центар на Работнички имаше одлично дефанзивно издание во дуелот со Академија ФМП, реализираше пет блокади...
Релативно доста мирно коло, во оној статистички дел. Без некои особено „видливи“ промени на водечките позиции во оние основни показатели.
Своевиден исклучок е во категоријата на најдобри блокери во лигата, каде сега во улога на лидер, или најдобар блокер се стави Љубомир Младеновски.
Репрезентативниот центар на Работнички реализираше дури пет блокади на средбата со Академија ФМП, со кои битно го поправи својот просек во овој сегмент. Сега има просечни 1.54 блокади со кои е пред својот репрезентативен колега Бојан Крстевски од МЗТ Скопје кој има по една блокада по меч, исто како и Александар Лонг од Академија ФМП.
Промена има и онаа поентерска листа, каде сега приматот на најдобар стрелец го превзема Ѓорѓе Џелетовиќ. Крилото на Гостивар е на просек од 20.36 поени по натпревар, нешто повеќе во однос на досегашниот лидер, Хејден Лесколт (Работнички) кој е точно на 20.дадени поени по меч.
Марјан Младеновиќ и понатаму е најдобриот асистент во лигата, и тешко дека некој ќе го симне од таа позиција до крајот на регуларниот дел од шампионатот. Новото засилување на Работнички има просек од 20.21 додавање по натпревар, скоро двојно повеќе во однос на Филип Думиќ од Пелистер (5.58) и Хејден Лесколт (Работнички со 5.57).
Бекот на „црвено-белите“ е прв на листата на играчи со најмногу загубени топки. Во просек губи по 4.29 по меч, што и не е толку изненадувачки ако се земе в предвид дека игра по 36:44 минути на еден натпревар.
Исто така најмногу во 14.одиграни кола во Првата лига.
Антон Казарновски пак е најдобриот изведувач на слободните фрлања. Силното крило на Пелистер погодува со високи 90.41% од таа позиција, зад него, барем засега, се одличниот бек на Кожув, Еван Пејн со 88.52% и Роналд Харис од Академија ФМП со 80%.
И понатаму, Ѓорѓе Каплановиќ најдобро поентира од дистанца. Со високи 71.43% во ударите за два поени, пред Теодор Атанасов од Куманово 2009 кој има 68.52% и Еван Пејн (Кожув) со 68.27%.
Кирил Николовски и Јане Петровски се единствените играчи во Првата лига со процент на реализација од преку 50% во шутот за три поени.
Крилото на Работнички погодува со 51.72% на успешност, додека бекот на Еуро Никел 2005 го прави тоа со 50.75%.
ТОП 5
ПОЕНИ
1. Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар) 14 285 20.36
2.Х.Лесколт (Работнички) 14 264 20.00
3.Р.Харис (Академија ФМП) 13 240 19.62
4.Е.Пејн (Кожув) 14 271 19.36
5.Д.Доналдсон (Гостивар) 14 260 18.57
СКОКОВИ
1.Д.Мареро (Кожув) 7 63 9.0
2.С.Темелковски (Вардар) 12 98 8.17
3.А.Лонг (Академија ФМП) 9 72 8.00
4.М.Јанески (Куманово 2009) 14 106 7.57
5.Љ.Младеновски (Работнички) 13 98 7.54
АСИСТЕНЦИИ
1.М.Младеновиќ(Работнички) 14 143 10.21
2.Ф.Думиќ (Пелистер) 12 67 5.58
3.Х.Лесколт (Работнички) 14 78 5.57
3.Б.Стајиќ (Кожув) 11 58 5.27
5.Д.Доналдсон (Гостивар) 14 68 5.27
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.М.Младеновиќ (Работнички) 14 60 4.29
2.Д.Митевски (МЗТ Скопје УБ) 14 53 3.79
3.Х.Лесколт (Работнички) 14 46 3.29
3.А.Казарновски (Пелистер) 14 46 3.29
5.Д.Робев (Вардар) 14 44 3.14
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Б.Стајиќ (Кожув) 11 28 2.55
2.Х.Лесколт (Работнички) 14 32 2.29
3.А.Невеш (Вардар) 13 29 2.23
4.М.Младеновиќ (Работнички) 14 27 1.93
5.А.Цветковски (Пелистер) 13 25 1.92
БЛОКАДИ
1.Љ.Младеновски (Работнички) 13 20 1.54
2.Б.Крстевски (МЗТ Скопје А) 14 14 1.00
3.А.Лонг (Академија ФМП) 9 9 1.00
4.М.Морнар (МЗТ Скопје А) 11 10 0.91
5.Б.Трајковски (Кожув) 7 6 0.86
МИНУТИ
1.М.Младеновиќ (Работнички) 14 514:26 36:44
2.Р.Харис (Академија ФМП) 13 464:52 35:45
3.Х.Лесколт (Работнички) 14 495:40 35:21
4.М.Јанески (Куманово 2009) 14 494:40 35:20
5.Д.Мијатовиќ (Работнички) 14 490:80 35:00
СЛОБОДНИ ФРЛАЊА
1.А.Казарновски (Пелистер) 14 90.41%
2.Е.Пејн (Кожув) 14 88.52%
3.Р.Харис (Академија ФМП) 13 80.0%
4. Д.Доналдсон (Гостивар) 14 70.15%
5. А.Мекиќ (Пелистер) 13 69.70%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Ѓ.Каплановиќ (Еуро Никел 2005) 14 71.43%
2.Т.Атанасов (Куманово 2009) 9 68.52%
3.Е.Пејн (Кожув) 14 68.27%
4.Т.Зданавичиус (Кожув) 13 66.67%
5.А.Казарновски (Пелистер) 14 65.31%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.К.Николовски (Работнички) 8 51.85%
2.Ј.Петровски (Еуро Никел 2005) 14 50.75%
3.Д.Нацевски (Академија ФМП) 14 46.15%
4.И.Димчевски (Гостивар) 13 44.44%
5.В.Ефремоски (Работнички) 14 44.44%
ШУТ ОД ПОЛЕ
1.Т.Зданавичиус (Кожув) 13 58.27%
2.Е.Пејн (Кожув) 14 57.49%
3.А.Казарновски (Пелистер) 14 56.03%
4.Џ.Ѓелетовиќ (Гостивар) 14 55.34%
5.А.Мекиќ (Пелистер) 13 54.74%