01.03.2021

Бекот на Академија ФМП го надмина просекот на Џуниус Провел од Вардар, Џејлон Фрајдеј со сериозен напредок

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 15. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Промена, Крстајиќ е прв стрелец

Оваа рунда од шампионатот донесе битна промена во оној статистички, индивидуален дел.

По подолго време, имаме нов лидер на стрелците. Со новото одлично издание во победата на Академија ФМП против Црн Дрим Грин мобиле, Стефан Крстајиќ го подигна својот поентерски просек.

Сега има просечни 23.07 поени на 14.одиграни мечеви, со кои е пред досегашниот лидер, Џуниус Провел (Вардар), кој има 22.3, и Кори Рос со 21.поен, но веќе неколку кола не е во составот на Куманово 2009.

Во оваа категорија пробив направи и Џалон Фрајдеј од екипата на Гостивар, кој е на просек од 20.33 поени на шест одиграни мечеви.  

Роберт Монгтомери (МЗТ Скопје Уни Банка) успешно ја брани првата позиција кај скокачите, со просек од 11.27 скока, додека пак Александар Костоски од Гостивар, сериозно му се заканува на Тајрон Херис (ТФТ) во трката за најдобар асистент во првенството. Има просечни 7.17 додавања по натпревар.

Провел останува лидер во рубриката загубени топки, има по пет загубени топки по меч, додека пак Ивица Димчевски (Гостивар) останува најдобар „крадливец на топки“ со просечни 2.3 освоени топки по меч.

Во оној процентуален дел, двајца „вардарци“ ја предводат листата на најдобри реализатори на слободни фрлања. Провел погодува со 84.38% на успешност, додека неговиот соиграч Диксон Дикембе има 83.87%.

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје Аеродром) макар и со само шест одиграни мечеви е лидер на играчите со најдобра реализација за два поени. Има 71.43% на успех од таа позиција, исто колку и Игор Кесар (Пелистер), додека тет е нивниот сонародник, Бранисла Ѓекиќ (Куманово 2009) со 71.05%.  

Џалон Фрајдеј ја превзема позицијата број 1 на листата на најдобри шутери за три поени. Новакот на Гостивар погодува со извонредни 63.16% од линијата зад 6.75 метри, пред Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) со 47.37% и Кори Рос (Куманово 2009) со 46.67%.

Севкупно, најдобра реализација од поле има Игор Кесар. Силното крило на Пелистер погодува со 65,36% од позициите за два односно за три поени. Фрајдеј се искачи на второто место со 62.5%, додека трет останува Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје Аеродром) со 59.41% на реализација.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    14       323     23.07

Џуниус Провел (Вардар) 10       223     22.3

Кори Рос (Куманово 2009)        8          168     21.00

Игор Кесар (Пелистер)   13       267     20.54

Џалон Фрајдеј (Гостивар)          6          122     20.33

СКОКОВИ

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ)  11       124     11.27

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   11       107     9.73

Амир Смит (ТФТ)   10       90       9.00

Никола Станојевиќ (Кожув)      10       83       8.30

Бојан Трајковски (Пелистер)    13       107     8.23

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           11       94       8.55

Александар Костоски (Гостивар)        12       86       7.17

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)     12       71       5.92

Бобан Стајиќ (Пелистер) 13       73       5.62

Ерик Питс (Работнички) 9          50       5.56

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар) 10       50       5.00

Кори Рос (Куманово 2009)        8          30       3.75

Тајрон Херис (ТФТ)           11       41       3.73

Џејмс Каухерд (Црн Дрим ГМ) 8          26       3.25

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   11       35       3.18

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ивица Димчевски (Гостивар)   10       23       2.30

Чез Вилијамс (Пелистер)           13       24       1.85

Џуниус Провел (Вардар) 10       18       1.80

Тајрон Херис (ТФТ)           11       19       1.73

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     6          10       1.67

БЛОКАДИ

Амир Смит (ТФТ)   10       26       2.60

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)     6          14       2.33

Марко Дујковиќ (Вардар)          9          21       2.33

Љубомир Младеновски (Работнички)          9          14       1.56

Џалон Фрајдеј (Гостивар)          6          8          1.33

МИНУТИ

Кори Рос (Куманово 2009)        290:29          36:18

Тајрон Херис (ТФТ)           11       398:57          36:16

Димитар Караџовски (Кожув)  12       413:35          34:27

Џуниус Провел (Вардар) 10       340:47          34:04

Роналд Херис (Академија ФМП)         14       476:70          34:00

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Џуниус Провел (Вардар) 10       84.38%

Диксон Дикембе (Вардар)        6          83.87%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)     11       81.25%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    14       80.00%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    12       79.31%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)   6          71.43%

Игор Кесар (Пелистер)   13       71.43%

Бранислав Џекиќ (Куманово 2009)    6          71.05%

Никола Силаџи (Кожув) 9          70.42%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    12       66.67%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Џелон Фрајдеј (Гостивар)          6          63.16%

Бпјан Крстѕевски (МЗТ Скопје А)         6          47.37%

Кори Рос (Куманово 2009)        8          46.67%

Ренато Димитриески (Гостивар)         11       46.15%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)      9          45.95%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Игор Кесар (Пелистер)   13       65.36%

Џелон Фрајдеј (Гостивар)          6          62.5%

Олуфеми Алуџоби (МЗТ Скопје А)      8          59.41%

Никола Малешевќ (Пелистер) 13       58.21%

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А.)         6          57.41%