Со реализацијата на 30.поени во дуелот со МЗТ Скопје Уни Банка, крилото на гостиварци го покачи просекот на поени на бројката 21...
Одигрувањето на 15.коло ја означи и паузата на возбудувањата во македонската Прва лига. Со оглед на тоа дека нашиот сениорски национален тим го чекаат дуелите од квалификациите за ЕП (на 20, односно 23. февруари), календарот „кажа“ дека по овој викенд следува скоро тринеделен прекин на натпреварите.
А до тоа следно коло (29.февруари), ќе стои дека Ѓорѓе Џелетовиќ е најдобриот стрелец на најквалитетното натпреварување кај нас.
Оние 30.дадени поени на петочниот меч со МЗТ Скопје Уни Банка, го донесоа крилото на Гостивар на просек од 21.поен по натпревар.
На 15.мечеви Џелетовиќ има реализирано 315 поени, со кои е пред се подобриот Еван Пејн, се подобриот играч на Кожув, кој дојде на просечни 19.6 поени, и го помина Хејдне Лесколт (Работнички) кој пак е на 19.13.
Славчо Темелковски од Вардар е првото скокачко име засега, и тоа со просек од 8.23 скока по натпревар.
Го следат Александар Лонг (Академија ФМП) со 8.1, и Љубомир Младеновски (Работнички) со 7.64 скока по меч.
Марјан Младеновиќ малку ја расипа својата статистика, особено онаа „неговата“, кај најдобрите асистенти. Во дуелот со Еуро Никел 2005 имаше само две успешни додавања, па сега е на просек од 9.67. Но сеуште е далеку понапред во однос на Филип Думиќ (Пелистер) кој има 5.69 и Хејден Лесколт (Работнички) со 5.60.
Младеновиќ „води“ и на листата на играчи со најголем број на загубени топки, по 4.27, пред Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) со 3.73, и Хејден Лесколт (Работнички), кој е на 3.33.
Но и на онаа која вели дека има најмногу одиграни минути. Во овие 15.кола останал 547:30 минути на теренот, или во просек по 36:30 по меч. Нешто повеќе во односно на Лесколт (Работнички) со 35:22 односно Роналд Харис (Академија ФМП) со 35:17.
Бобан Стајиќ се врати на теренот, и ја подобри својата статистичка слика во категоријата на играчи со најмногу освоени топки. Репрезентативниот бек сега има просек од 2.5 освоени топки по натпревар, пред Невеш (Вардар) со 2.21 и Лесколт (Работнички) кој има 2.2.
Процентуално гледано, Антон Казарновски од Пелистер е најдобриот реализатор на слободните фрлања. Погодува со високи 91.25% од таа позиција, пред Еван Пејн (Кожув) кој е на 90%, и Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) со 84.48%.
Промена има на листата на најдобри реализатори за два поени. Сега лидер е Теодор Атанасов од Куманово 2009 со 71.88% на реализација. Го надмина скорот на Ѓорѓе Каплановиќ од Еуро Никел 2005 кој има 70.4%, а трет е можеби во овој момент најдобриот играч на Кожув, Еван Пејн, со 69.03%.
Јане Петровски и Кирил Николовски уште еднаш ги променија местата на листата на најдобрите тројкаши во Првата лига. Сега одново прв е бекот на Еуро Никел 2005 со 5072% на успешност, додека високото крило на Работнички е на точно 50%.
Збирно гледано, Томас Зданавичиус (Кожув) има најдобра реализација од поле, односно 58.09%, пред соиграчот од Гевгелија, Еван Пејн со 57.22% и Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар), кој погодува со 56.95% на успешност.
ТОП 5
ПОЕНИ
1. Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар) 15 315 21.00
2.Е.Пејн (Кожув) 15 294 19.60
3.Х.Лесколт (Работнички) 15 287 19.13
4.Р.Харис (Академија ФМП) 14 264 18.86
5.А. Невеш (Вардар) 14 256 18.29
СКОКОВИ
1.С.Темелковски (Вардар) 13 107 8.23
2.А.Лонг (Академија ФМП) 10 81 8.10
3.Љ.Младеновски (Работнички) 14 107 7.64
4.М.Јанески (Куманово 2009) 15 114 7.60
5.Л.Тодоровски (МЗТ Скопје УБ) 15 108 7.2
АСИСТЕНЦИИ
1.М.Младеновиќ (Работнички) 15 145 9.67
2.Ф.Думиќ (Пелистер) 13 74 5.69
3.Х.Лесколт (Работнички) 15 84 5.60
4.Б.Стајиќ (Кожув) 12 59 4.92
5.Д.Доналдсон (Гостивар) 15 70 4.67
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.М.Младеновиќ (Работнички) 15 64 4.27
2.Д.Митевски (МЗТ Скопје УБ) 15 56 3.73
3.Х.Лесколт (Работнички) 15 50 3.33
3.А.Казарновски (Пелистер) 15 48 3.20
5.Д.Робев (Вардар) 15 47 3.13
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Б.Стајиќ (Кожув) 12 30 2.50
2.А.Невеш (Вардар) 14 31 2.21
3.Х.Лесколт (Работнички) 15 33 2.20
4.М.Младеновиќ (Работнички) 15 29 1.93
5.А.Цветковски (Пелистер) 13 25 1.92
БЛОКАДИ
1.Љ.Младеновски (Работнички) 14 21 1.50
2.Б.Крстевски (МЗТ Скопје А) 15 16 1.07
3.А.Лонг (Академија ФМП) 10 10 1.00
4.М.Морнар (МЗТ Скопје А) 12 10 0.83
5.А. Маслинко (МЗТ Скопје А) 13 10 0.77
МИНУТИ
1.М.Младеновиќ (Работнички) 15 547:30 36:30
2.Х.Лесколт (Работнички) 15 530:35 35:22
3.Р.Харис (Академија ФМП) 14 494:10 35:17
4.М.Јанески (Куманово 2009) 15 528:57 35:15
5.Д.Мијатовиќ (Работнички) 15 524:20 34:56
СЛОБОДНИ ФРЛАЊА
1.А.Казарновски (Пелистер) 15 91.25%
2.Е.Пејн (Кожув) 15 90.00%
3.Д.Стојановски (МЗТ Скопје А) 13 84.48%
4.Р.Харис (Академија ФМП) 14 79.38%
5. А. Мекиќ (Пелистер) 15 70.27%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ
1.Т.Атанасов (Куманово 2009) 10 71.88%
2.Ѓ.Каплановиќ (Еуро Никел 2005) 15 70.40%
3.Е.Пејн (Кожув) 15 69.03%
4.Т.Зданавичиус (Кожув) 14 67.59%
5.Д. Мијатовиќ (Работнички) 15 65.00%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ
1.Ј.Петровски (Еуро Никел 2005) 15 50.72%
2.К.Николовски (Работнички) 10 50.00%
3.Д.Нацевски (Академија ФМП) 15 46.48%
4.И.Димчевски (Гостивар) 14 44.87%
5.В.Ефремоски (Работнички) 15 43.90%
ШУТ ОД ПОЛЕ
1.Т.Зданавичиус (Кожув) 14 58.09%
2.Е.Пејн (Кожув) 14 57.22%
3.Џ.Ѓелетовиќ (Гостивар) 15 56.95%
4.А.Казарновски (Пелистер) 15 56.08%
5.А.Мекиќ (Пелистер) 14 56.08%