08.03.2021

Иако одигра само седум натпревари, бекот на Вардар се искачи во некои статистички категории...

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 16. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Дикембе оди напред, го менува Провел како лидер на Вардар

Без некои особени на првите позиции во статистичките параметри по одигрувањето на некомплетното 16. коло од шампионатот.

Она што е забележливо е пробивот на „вардарецот“ Диксон Дикембе, и тоа во неколку статистички категории.

И сериозно му се доближува на ефектот кој досега го остави Џуниус Провел.

Со просечни 19.86 поени, се проби на 4.место на листата на најдобрите поентери во Првата лига. Ја предводи Стефан Крстајиќ од Академија ФМП кој е на 22.67 поени. Пред Џуниус Провел од Вардар со 21, и се подобриот Игор Кесар (Пелистер), кој има 20.29 поени по меч.

Дикембе е на делба на втората позиција  на листата на играчи со најмногу освоени топки. Досега има просечни 1.96 топки. Подобар ефект од него има само Ивица Димчевски (Гостивар) со две додавања по средба, додека сосема идентичен е ефектот на Отис Ливингстон (Куманово 2009).

Тоја е трет од играчите од Првата лига според бројот на поминати минути на теренот. На седум натпревари досега, одиграл вкупно 241:15 минути, или во просек по 34:27. Тука, бројот 1 е Тајрон Херис (ТФТ) со 35:46 минути, зад него пак е Димитар Караџовски (Кожув) со 34:45 минути просечно поминати во игра.

Во оној процентуален сегмент на статистиката, Диксон Дикембе е и најдобриот реализатор на слободните фрлања. Ги погодува со 86.84% на успешност со кои го мина токму Провел кој има 84.69% и Дарко Соколов од Еуро Никел 2005, со 81.54% на успешност.

Најдобар реализатор во обидите за два поени е Игор Кесар (Пелистер) кој погодува со 71.97%, а минимално заостануваат Никола Силаџи (Кожув) со 71.60% и Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 71.43%, но со само шест одиграни средби од можните 16.

Најдобар во конкуренција на тројкашите останува Џелон Фрајдеј од Гостивар, кој погодува со 51.85% од таа позиција. Пред двоецот на МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски кој е 47.37% и Андреј Магдевски со 45.95%.

Игор Кесар има највисок процент на реализација во шутот од поле  65.63%, пред Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје Аеродром) со 59.41% и Џалон Фрајдеј од Гостивар со 56.49%.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    15       340     22.67

Џуниус Провел (Вардар) 11       231     21.0

Игор Кесар (Пелистер)   14       284     20.29

Диксон Дикембе (Вардар)        7          139     19.86

Кори Рос (Куманово 2009)        9          173     19.22

СКОКОВИ

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ)  12       135     11.25

Амир Смит (ТФТ)   11       102     9.27

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   12       111     9.25

Никола Станојевиќ (Кожув)      12       105     8.75

Бојан Трајковски (Пелистер)    14       120     8.57

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           12       98       8.17

Александар Костоски (Гостивар)        14       100     7.14

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)     13       77       5.92

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     7          40       5.71

Ерик Питс (Работнички) 9          50       5.56

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар) 11       53       4.82

Кори Рос (Куманово 2009)        9          33       3.67

Тајрон Херис (ТФТ)           12       43       3.58

Џејмс Каухерд (Црн Дрим ГМ) 8          26       3.25

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   12       37       3.08

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ивица Димчевски (Гостивар)   12       24       2.00

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     7          13       1.86

Диксон Дикембе (Вардар)        7          13       1.86

Чез Вилијамс (Пелистер)           14       25       1.79

Џуниус Провел (Вардар) 11       18       1.64

БЛОКАДИ

Марко Дујковиќ (Вардар)          10       26       2.60

Амир Смит (ТФТ)   11       26       2.36

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)     7          15       2.14

Љубомир Младеновски (Работнички)          9          14       1.56

Џалон Фрајдеј (Гостивар)          8          12       1.50

МИНУТИ

Тајрон Херис (ТФТ)           12       429:15          35:46

Димитар Караџовски (Кожув)  14       486:42          34:45

Диксон Дикембе (Вардар)        7          241:15          34:27

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     240:50          34:17

Кори Рос (Куманово 2009)        9          305:48          33:58

 

 

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Диксон Дикембе (Вардар)        7          86.84%

Џуниус Провел (Вардар) 11       84.69%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)     12       81.54%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    15       80.33%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    14       80.00%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Игор Кесар (Пелистер)   14       71.97%

Никола Силаџи (Кожув) 11       71.60%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)   6          71.43%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    14       68.09%

Никола Малешевиќ (Пелистер)          14       65.96%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Џелон Фрајдеј (Гостивар)          8          51.85%

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А)           6          47.37%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)      9          45.95%

Кори Рос (Куманово 2009)        9          45.16%

Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ)           12       44.19%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Игор Кесар (Пелистер)   14       65.63%

Олуфеми Алуџоби (МЗТ Скопје А)      8          59.41%

Џелон Фрајдеј (Гостивар)          8          58.49%

Никола Малешевќ (Пелистер) 14       58.16%

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А.)         6          57.41%