03.03.2020

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 16.ОДИГРАНИ КОЛА: Младеновиќ - играч со најмногу одиграни минути, најмногу асистенции, најмногу загубени топки...

Иако ја промени играчката средина, новакот во редовите на Работнички и понатаму е лидер во неколку статистички категории...

 

Редоследно гледано, кај поентерите, се останува исто во поредокот. Иако Гостивар изгледаше далеку од добар, особено во второто полувреме на гостувањето во Кавадарци, Ѓорѓе Џелетовиќ и понатаму е прв поентер во Првата лига.

Но сега со нешто понизок просек од 20.81 поен. Пред Пејн од Кожув кој е блиску до „дваесетката“, има 19.69 поени, и Хејден Лесколт од Работнички кој одигра под своите можности во дербито со МЗТ Скопје Аеродром, па сега е на просек од 18.5 поени по меч.

Младиот кошаркар на Вардар Славчо Темелковски и понатаму најдобро котира кај скокачите. Има просек од 8.21 скок по натпревар, пред Љубомир  Младеновски од Работнички со 7.73 и центарот на Академија ФМП, Александар Лонг со 7.64 скока по натпревар.

Видливо назадување е забележано и кај Марјан Младеновиќ, во оној дел на најдобрите додавачи. Како играч на Работнички го „расипа“ својот двоцифрен просек, па сега е на „само“ 9.31 додавања, сепак далеку повеќе во однос на конкуренцијата во оваа статистичка категорија.

Како на пример, Лесколт од Работнички кој има 5.44 асистенции, и Думиќ (Пелистер) со 5.29.

Младеновиќ „води“ и на листата на играчи со најмногу загубени топки, има по 4.13 во просек на 16.одиграни мечеви. Зад него е Дарио Митевски од МЗТ Скопје Уни Банка со 3.56 и Лесколт (Работнички) кој губи по 3.25 топки по меч.

Бобан Стајиќ се врати во составот на Кожув и ја задржа лидерската позиција во рубриката „освоени топки“. Бекот на гевгеличани е на просек од 2.54 освоени топки, пред Невеш од Вардар (кој во меѓувреме се повреди и ќе паузира одреден период) со 2.19, и повторно, бекот на Работнички, Лесколт со 2.19 украдени топки.

Љубомир Младеновски од Работнички е најдобриот блокер по 16.одиграни кола. Има по 1.4 блокада на меч, пред Лонг од Академија ФМП со 1.27, и неговиот репрезентативен соиграч од редовите на МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски кој има по една блокада во просек.

И тука „број 1“ беше и останува Марјан Младеновиќ. И покрај трансферот во „Градски парк“, ужива во репутацијата на играч кој е најдолго на теренот. Сега има просек од 35:45 минути по меч, пред неговиот довчерашен играч од Куманово 2009, Марјан Јанески кој има 35:11, и уште еднаш, Хејден Лесколт (Работнички) со 34:50 минути по меч во просек.

Еван Пејн од Кожув изби на првото мето на листата на најдобри реализатори од линијата за слободни фрлања. Со високи 91.03% со кои го надмина Антон Казарновски од Пелистер, кој е исто така преку 90%, а трет е Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) со 84.38%.

Теодор Атанасов пак ја задржа најдобрата позиција кај реализаторите за два поени. Има просечни 70.51%, пред Каплановиќ од Еуро Никел 2005 со 69.57% и Томас Зданавичиус од Кожув со 68.97%.

Во шутот за три, исто така без промени. Јане Петровски од Еуро Никел 2005 сеуште е на првата позиција со процент на реализација од преку 50 отсто. Има точно 50.68%, а друштво му прават Кирил Николовски од Работнички кој е на „округли“ 50%, и Даниел Нацевски (Академија ФМП) со 47.50%.

Се заедно сумирано, во шутот од дистанца, доминира Томас Зданавичиус. Крилото на Кожув шутира со 59.31% од поле, пред Ѓорѓе Џелетовиќ од Гостивар кој има 57.02%  соиграчот од Кожув, Еван Пејн со 56.48%.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар)          16       333     20.81

2.Е.Пејн (Кожув)   16       315     19.69

3.Х.Лесколт (Работнички)         16       296     18.50

4.А. Невеш (Вардар)        14       256     18.29

5.Р.Харис (Академија ФМП)     15       271     18.07

СКОКОВИ

1.С.Темелковски (Вардар)        14       115     8.21

2.Љ.Младеновски (Работнички)        15       116     7.73

3.А.Лонг (Академија ФМП)      11       84       7.64

4.М.Јанески (Куманово 2009) 16       120     7.50

5. А.Казарновски (Пелистер)   16      111   6.94

АСИСТЕНЦИИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          16       149     9.31

2.Х.Лесколт (Работнички)         16       87       5.44

3.Ф.Думиќ (Пелистер)    14       74       5.29

4.Б.Стајиќ (Кожув)            13       63       4.85

5.Р. Харис (Академија ФМП)    15       71       4.73

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          16       66       4.13

2.Д.Митевски (МЗТ Скопје УБ) 16       57       3.56

3.Х.Лесколт (Работнички)         16       52       3.25

4.Д.Робев (Вардар)          16       50       3.13

5.А.Казарновски (Пелистер)    16       49       3.06

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Б.Стајиќ (Кожув)            13       33       2.54

2.А.Невеш (Вардар)         14       31       2.21

3.Х.Лесколт (Работнички)         16       35       2.19

4.А.Цветковски (Пелистер)       14       28       2.00

5.М.Младеновиќ (Работнички)          16       29       1.81

БЛОКАДИ

1.Љ.Младеновски (Работнички)        15       21       1.40

2.А.Лонг (Академија ФМП)      11       14       1.27

3.Б.Крстевски (МЗТ Скопје А)   16       16       1.00

4.М.Морнар (МЗТ Скопје А)     12       10       0.83

5.А. Маслинко (МЗТ Скопје А) 14       10       0.71

МИНУТИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          16       572:40          35:45

2.М.Јанески (Куманово 2009) 16       562:58          35:11

3.Х.Лесколт (Работнички)         16       557:27          34:50

4.Р.Харис (Академија ФМП)     14       522:24          34:49

5.А.Казарновски (Пелистер)    16       544:00          34:00

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА

1.Е.Пејн (Кожув)   16       91.03%

2.А.Казарновски (Пелистер)    16       90.70%

3.Д.Стојановски (МЗТ Скопје А)          14       84.38%

4.Р.Харис (Академија ФМП)     15       79.38%

5.А. Мекиќ (Пелистер)    15       71.43%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Т.Атанасов (Куманово 2009) 11       70.51%

2.Ѓ.Каплановиќ (Еуро Никел 2005)    16       69.57%

3.Т.Зданавичиус (Кожув)           15       68.97%

4.Е.Пејн (Кожув)   16       68.60%

5.Д. Мијатовиќ (Работнички)   16       65.35%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Ј.Петровски (Еуро Никел 2005)       16       50.68%

2.К.Николовски (Работнички) 11       50.00%

3.Д.Нацевски (Академија ФМП)         16       47.30%

4.И.Димчевски (Гостивар)        15       44.44%

5.В.Ефремоски (Работнички)   15       43.90%

ШУТ ОД ПОЛЕ

1.Т.Зданавичиус (Кожув)           15       59.31%

2.Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар)          16       57.02%

3.Е.Пејн (Кожув)   16       56.48%

4.А.Мекиќ (Пелистер)     15       55.63%

5.А.Казарновски (Пелистер)    16       54.43%