15.03.2021

Водечките играчи во главните статистички категории имаа добри изданија во овој круг од натпреварите

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 17. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Крстајиќ го чува врвот, Монтгомери и Херис исто така

ФОТО: Стефан Крстајиќ на средбата со МЗТ Скопје Аеродром

Без некои битни проблеми на листите на водечките играчи во статистичкиот дел донесоа мечевите од 17. коло од Првата лига.

Играчот на Академија ФМП, Стефан Крстајиќ, имаше уште едно добро поентерско издание во големиот триумф над екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Доволно со просек од 22.69 да остане на првата позиција кај најдобрите стрелци. Промената ја донесе Игор Кесар од битолски Пелистер кој се проби на второто место со просечни 21.поени, пред Џуниус Провел кој „падна“ на просек од 20.5 поени.

Роберт Монтгомери имаше уште едно добро скокачко издание во победата на МЗТ Скопје Уни Банка над Кожув, по кое има просечни 11.36 скока, пред се подобриот Амир Смит (ТФТ) со 10.77 и Александар Андрејевиќ од Куманово 2009 со 8.92 скока по натпревар.

Тај Херис од ТФТ и Александар Костоски од Гостивар ќе водат трка за најдобар асистент во лигата. Води бекот на „црно-белите“ од Тафталиџе, со просечни 8.14 асистенции. Костоски е зад него со 7.27 успешни додавања по натпревар, пред Отис Ливингстон (Куманово 2009) со 6.13.  

Џуниус Провел од Вардар, останува играч со најголем број на загубени топки, по 4.75 по натпревар, додека пак Ивица Димчевски (Гостивар) освојува најмногу топки – по две по натпревар.

ФОТО: Амир Смит на средбата со Вардар

Амир Смит сега е најдобриот блокер во лигата со просечни 2.77 блокади, пред Дујковиќ (Вардар) кој има 2.45 и Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009) со 2.13.

Тајрон Херис е играчот кој во просек поминува најмногу минути на еден натпревар, по 35:20. Пред Димитар Караџовски од Кожув кој има 34:41 и Кори Рос (Куманово 2009) со 33:58.  

Во оној процентуален дел, Диксон Дикембе (Вардар) го задржа првото место на листата на најдобри изведувачи на слободните фрлања. Има просек од 87.5% на успешност од таа позиција, втор е Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) со 81.82%, пред Џуниус Провел (Вардар) со 81.48%.

Изненадувачки, најдобар во шутот за три поени е повторно Војче Лефкоски од Црн Дрим Грин мобиле со 47.92% на успех. Пред Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром) со 45.95% и Кори Рос од Куманово 2009 со нијанса понизок процент - 45.16%.

Еден од најдобрите играчи на Пелистер, Игор Кесар е најдобар во реализација на ударите за два поени, и генерално во шутот од дистанца. Погодува со високи 72.9% за два поени, пред Никола Силаџи (Кожув) кој е на 71.11% и Александар Тодоровиќ (Гостивар) со 67.65%.

Кесар води на листата на најдобри реализатори од поле, со 66.49% на успешност пред клупскиот соиграч од Пелистер, Никола Малешевиќ кој е на 58.68%, и Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје Аеродром) со 58.04%.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    16       363     22.69

Игор Кесар (Пелистер)   16       336     21.00

Џуниус Провел (Вардар) 12       246     20.50

Кори Рос (Куманово 2009)        9          173     19.22

Лаклан Андерсон (ТФТ)  13       241     18.54

СКОКОВИ

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ)  14       159     11.36

Амир Смит (ТФТ)   13       140     10.77

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   13       116     8.92

Никола Станојевиќ (Кожув)      13       115     8.85

Бојан Трајковски (Пелистер)    16       141     8.81

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           14       114     8.14

Александар Костоски (Гостивар)        15       109     7.27

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     8          49       6.13

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)     15       85       5.67

Бобан Стајиќ (Пелистер) 16       90       5.63

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар) 12       57       4.75

Кори Рос (Куманово 2009)        9          33       3.67

Тајрон Херис (ТФТ)           14       50       3.57

Ерик Питс (Работнички) 10       32       3.20

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   13       40       3.08

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ивица Димчевски (Гостивар)   13       26       2.00

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     8          15       1.88

Диксон Дикембе (Вардар)        8          15       1.88

Чез Вилијамс (Пелистер)           16       28       1.75

Џуниус Провел (Вардар) 12       19       1.58

БЛОКАДИ

Амир Смит (ТФТ)   13       36       2.77

Марко Дујковиќ (Вардар)          11       27       2.45

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)     8          17       2.13

Џалон Фрајдеј (Гостивар)          9          15       1.67

Љубомир Младеновски (Работнички)          10       14       1.40

МИНУТИ

Тајрон Херис (ТФТ)           14       494:53          35:20

Димитар Караџовски (Кожув)  15       520:20          34:41

Кори Рос (Куманово 2009)        9          305:48          33:58

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     8          271:30          33:56

Роналд Херис (Академија ФМП)         16       541:40          33:51

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Диксон Дикембе (Вардар)        8          87.50%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)     14       81.82%

Џуниус Провел (Вардар) 12       81.46%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    16       80.95%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    15       80.60%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Игор Кесар (Пелистер)   16       72.90%

Никола Силаџи (Кожув) 12       71.11%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    15       67.65%

Никола Малешевиќ (Пелистер)          16       66.38%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)   7          64.71%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ)           12       44.19%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)      9          45.95%

Кори Рос (Куманово 2009)        9          45.16%

Џелон Фрајдеј (Гостивар)          9          45.16%

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје А)    10       43.75%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Игор Кесар (Пелистер)   16       66.49%

Никола Малешевиќ (Пелистер) 16       58.68%

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)      9          58.04%

Амир Смит (ТФТ)   13       56.45%

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)     8          56.1%