10.03.2020

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 17 ОДИГРАНИ КОЛА: Марјан Јанески е скоро незаменлив дел од Куманово 2009

Без некои „тектонски промени“ помина 17.коло од Првата лига во поглед на онаа индивидуална статистика.

 

Мали, но незначителни измени има на листата на најдобрите стрелци во лигата, каде одново во улога на лидер е Ѓорѓе Џелетовиќ.

Крилниот играч на Гостивар има реализирано 348 поени, или просечни 20.47 поен по меч, што е единствен резултат над бројката од 20.поени, со кој во овој момент е пред Еван Пејн од Кожув со 19.35 и Ајуда Невеш од Вардар со 18.29 поени по натпревар.

Кај скоковите, Славчо Темелковски останува на првата позиција, сега со просек од 8.27 скока по натпревар, зад овој е ефектот на Љубомир Младеновски од Работнички со 7.94 и Александар Лонг од Академија ФМП кој има 7.67 скока во просек.

Марјан Младеновиќ од редовите на Работнички, останува неприкосновен лидер во рубриката-асистенции. Но со намален просек, од „само“ девет асистенции по натпревар. Сеуште далеку подобар во однос на неговиот соиграч од Работнички, Хејден Лесколт 5.53 и Филип Думиќ (Пелистер) со 5.4 успешни додавања.

Бекот на „црвено-белите“ останува и прв на листата на играчи со најмногу загубени топки. Во просек „губи“ нешто повеќе од четири топки по меч, пред Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) со 3.59, и Дамјан Робев (Вардар) кој има 3.12.

Најдобар во рубриката „освоени топки“ беше и останува Бобан Стајиќ, кој има по 2.5 украдени топки, пред Ајуда Невеш (Вардар) со 2.21 и Хејден Лесколт од Работнички со 2.18.

Љубомир Младеновски (Работнички) е прв блокер во Првата лига со просечни 1.5 блокади по натпревар, додека пак Марјан Јанески (Куманово 2009) кој има најголем број на одиграни минути. Во просек искусниот крилен играч има по 35:21 минута по меч.

Во оној процентуален аспект, Антон Казарновски ја задржа позицијата број 1 како најдобар реализатор на слободните фрлања (90.7%) пред Пејн (Кожув) со 88.24%, и Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) со 84.85%.

Евајн Пејн дојде на првото место на листата на најдобри реализатори во шутот за два поени. Играчот на Кожув реализира со 69.29% на успешност од оваа позиција, пред Ѓорѓе Каплановиќ од Еуро Никел 2005 кој се повреди на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром, и делумно и поради тоа, остана на 68.79%, и уште еден играч од Кожув, Томас Зданавичиус со 67.44%.

Во шутот за три поени без промени, а водечки играч е Јане Петровски. Искусниот бек на Еуро Никел 2005 погодува со 50% на успешност, пред Кирил Николовски (Работнички) со 47.37% и Даниел Нацевски (Академија ФМП) кој е на 46.15% на успех.

Збирно пресметано, Теодор Атанасов од Куманово 2009 има најдобра реализација од поле. Погодува со 59.26%, пред Томас Зданавичиус (Кожув) кој е на 58.49% и Ѓорѓе Џелетовиќ (Гостивар) со 56.85%.

ТОП 5

ПОЕНИ

1.Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар)          17       348     20.47
2.Е.Пејн (Кожув)   17       329     19.35
3.А. Невеш (Вардар)        14       256     18.29
4.Х.Лесколт (Работнички)         17       300     17.65
5.А.Мекиќ (Пелистер)     16       273     17.06

СКОКОВИ

1.С.Темелковски (Вардар)        15       124     8.27
2.Љ.Младеновски (Работнички)        16       127     7.94
3.А.Лонг (Академија ФМП)      12       92       7.67
4.М.Јанески (Куманово 2009) 17       128     7.53
5.А. Казарновски (Пелистер)    16       111     6.94

АСИСТЕНЦИИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          17       153     9.00
2.Х.Лесколт (Работнички)         17       94       5.53
3.Ф.Думиќ (Пелистер)    15       81       5.40
4.Б.Стајиќ (Кожув)            14       66       4.71
5.Р. Харис (Академија ФМП)    16       74       4.63

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.М.Младеновиќ (Работнички)          17       69       4.06
2.Д.Митевски (МЗТ Скопје УБ) 17       61       3.59
3.Д.Робев (Вардар)          17       53       3.12
4.Х.Лесколт (Работнички)         17       53       3.12
5.А.Казарновски (Пелистер)    16       49       3.06

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Б.Стајиќ (Кожув)            14       35       2.50
2.А.Невеш (Вардар)         14       31       2.21
3.Х.Лесколт (Работнички)         17       37       2.18
4.А.Цветковски (Пелистер)       15       30       2.00
5.М.Младеновиќ (Работнички)          17       32       1.88

БЛОКАДИ

1.Љ.Младеновски (Работнички)        16       24       1.50
2.А.Лонг (Академија ФМП)      12       15       1.25
3.Б.Крстевски (МЗТ Скопје А)   17       17       1.00
4.С. Глигоријевиќ (Работнипки)          13       9          0.69
5.А. Маслинко (МЗТ Скопје А) 15       10       0.67

МИНУТИ

1.М.Јанески (Куманово 2009) 17       601:10          35:21
2.Р.Харис (Академија ФМП)     16       545:47          34:60
3.М.Младеновиќ (Работнички)          17       588:47          34:38
4.Х.Лесколт (Работнички)         17       582:29          34:15
5.А.Казарновски (Пелистер)    16       544:00          34:00

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА

1.А.Казарновски (Пелистер)    16       90.70%
1.Е.Пејн (Кожув)   17       88.24%
3.Д.Стојановски (МЗТ Скопје А)          15       84.85%
4.Р.Харис (Академија ФМП)     16       79.38%
5.А. Мекиќ (Пелистер)    16       72.09%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Е.Пејн (Кожув)   17       69.29%
2.Ѓ.Каплановиќ (Еуро Никел 2005)    17       68.79%
3.Т.Зданавичиус (Кожув)           16       67.44%
4.Т.Атанасов (Куманово 2009) 12       66.67%
5.Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар)          17       64.64%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Ј.Петровски (Еуро Никел 2005)       17       50.00%
2.К.Николовски (Работнички) 12       47.37%
3.Д.Нацевски (Академија ФМП)         17       46.15%
4.И.Димчевски (Гостивар)        16       45.98%
5.В.Ефремоски (Работнички)   15       43.90%

ШУТ ОД ПОЛЕ

1.Т. Атанасов (Куманово 2009)           12       59.26%
2.Т.Зданавичиус (Кожув)           16       58.49%
3.Ѓ.Џелетовиќ (Гостивар)          17       56.85%
4.Е.Пејн (Кожув)   17       56.72%
5.А.Мекиќ (Пелистер)     16       55.49%