18.03.2021

Без многу промени се водечките позиции во оној индивидуален сегмент по одигрувањето на оваа рунда од Првата лига.

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 18. КОЛА ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Лидерите не го даваат врвот

Водечките ги зацврстија своите позиции во вкупниот поредок во оној ТОП 5 ранкинг. Посебно во оние водечки категории, како што се поентерската, скокачката и асистентската.

Со уште една одлична игра во Гевгелија, Стефан Крстајиќ го покачи просекот на дадени поени на бројката од 23 по натпревар.

Следува Игор Кесар (Пелистер) со 21.71 и Џуниус Провел (Вардар) со 20.69, а место во најдобрите пет сега има и за неговиот клупски соиграч, Диксон Дикембе со 18.78 поени.

Роберт Монтгомери одигра во рамките на својот просек на гостувањето „Под Кале“. Ја потврди репутацијата на најдобар скокач, сега е со просечни 11.4 скока по меч, го следи упорно Амир Смит (ТФТ) со 10.57.

На третото место сега е Никола Станојевиќ од Кожув со 9.07 скока.

Тај Херис имаше седум успешни додавања во победата над Работнички, доволно да ја одбрани лидерската позиција кај асистентите. Има просечни 8.07 асистенции, пред Александар Костоски (Гостивар) со 7.19, и Отис Ливингстон (Куманово 2009) кој е на 6.13.

Ивица Димчевски (Гостивар) повеќе не е на местото број 1 кај играчите со најмногу освоени топки. Позицијата му ја превзема бекот на Куманово 2009, Отис Ливингстон, со 1.88  украдени топки по натпревар.

Џуниус Провел (Вардар) пак останува најголем „потрошувач“ на топки, губи по 4.69 по натпревар.

Нема многу промени и во оној процентуален дел.

Диксон Дикембе имаше неверојатно добро прво полувреме во мечот со МЗТ Скопје Уни Банка. Реализира 26.поени за 20.минути, а освен тоа одлично стрелаше од линијата за слободни фрлања. Има 87.5% на реализација за еден поен, пред Дарко Соколов (Еуро Никел 2005) со 82.61%, Џуниус Провел (Вардар) со 80.99%.

Во обидите вредни два поени, без промени. Доминира Игор Кесар (Пелистер) со 73.53%, пред Никола Силаџи (Кожув) со нешто пониски 72.63%, додека трет сега е Никола Малешевиќ (Пелистер) со 66.67%.

Со оглед дека во ова коло не играше, Војче Лефкоски од екипата на Црн Дрим Грин мобиле, останува на првото место на листата на најдобри реализатори за три поени со 47.92%. Пред Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), кој остана на 45.95% (не играше против Гостивар), и неговиот тимски соиграч, Бојан Крстевски кој сега е трет со 45.83% на успех.

Севкупно, Игор Кесар има најдобра реализација во шутот од поле. Силното крило на Пелистер комбинирано погодува со 67.15% од дистанца. Зад него е уште еден играч на лидерот, Никола Малешевиќ со 58.56%, а третата позиција ја има Амир Смит (ТФТ) со 58.12% на реализација.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    17       391     23.0

Игор Кесар (Пелистер)   17       369     21.71

Џуниус Провел (Вардар) 13       269     20.69

Кори Рос (Куманово 2009)        9          173     19.22

Диксон Дикембе (Вардар)        9          169     18.78

СКОКОВИ

Роберт Монтгомери (МЗТ УБ)  15       171     11.40

Амир Смит (ТФТ)   14       148     10.57

Никола Станојевиќ (Кожув)      14       127     9.07

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   13       116     8.92

Бојан Трајковски (Пелистер)    17       151     8.88

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           15       121     8.07

Александар Костоски (Гостивар)        16       115     7.19

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     8          49       6.13

Бобан Стајиќ (Пелистер) 17       98       5.76

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)     16       89       5.56

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар) 13       61       4.69

Кори Рос (Куманово 2009)        9          33       3.67

Тајрон Херис (ТФТ)           15       52       3.47

Ерик Питс (Работнички) 11       34       3.09

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)   13       40       3.08

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     8          15       1.88

Ивица Димчевски (Гостивар)   14       26       1.86

Диксон Дикембе (Вардар)        9          16       1.78

Чез Вилијамс (Пелистер)           17       29       1.71

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    17       28       1.65

БЛОКАДИ

Амир Смит (ТФТ)   14       39       2.79

Марко Дујковиќ (Вардар)          12       29       2.42

Бранислав Ѓекиќ (Куманово 2009)     8          17       2.13

Џалон Фрајдеј (Гостивар)          10       17       1.70

Љубомир Младеновски (Работнички)          11       16       1.45

МИНУТИ

Тајрон Херис (ТФТ)           15       531:42          35:26

Димитар Караџовски (Кожув)  16       558:90          34:53

Кори Рос (Куманово 2009)        9          305:48          33:58

Отис Ливингстон (Куманово 2009)     8          271:30          33:56

Роналд Херис (Академија ФМП)         16       576:37          33:55

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Диксон Дикембе (Вардар)        9          87.50%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)     15       82.61%

Џуниус Провел (Вардар) 13       80.99%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)    17       80.43%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    16       80.28%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Игор Кесар (Пелистер)   17       73.53%

Никола Силаџи (Кожув) 13       72.63%

*Никола Малешевиќ (Пелистер)        17       66.67%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    16       66.36%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)   8          65.00%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Војче Лефкоски (Црн Дрим ГМ)           13       47.92%

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)      9          45.95%

*Бојан Крстевски (МЗТ Скопје А)        8          45.83%

Кори Рос (Куманово 2009)        9          45.16%

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)     16       44.09%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Игор Кесар (Пелистер)   17       67.15%

Никола Малешевиќ (Пелистер)          17       58.56%

Амир Смит (ТФТ)   14       58.21%

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)      9          58.04%

Никола Силаџи (Кожув) 13       56.83%