10.11.2020

Првите три, макар и некомплетни кола, ја даваат онаа првична слика за индивидуалните ефекти

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 3. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Рос ја поведе поентерската трка, Андрејевиќ е прв скокач, а Исабел-асистент!

Секако, во оваа прва фаза од шампионатот, не може да се носат и некои заклучоци. Но сепак, може да се направи еден определен статистички пресек во кој не влегуваат оние на екипите како Пелистер и Вардар, кои досега не одиграа ниту еден првенствен натпревар.

Што вели статистиката по три одиграни кола во Првата лига-мажи?

Вели дека Американецот во редовите на Црн Дрим Грин мобил, Кори Рос, засега е најдобриот стрелец во шампионатот. Има просек од 25.5 поени, остварен на оние два меча кои новакот од Струга ги одигра во досегашниот дел од лигата (имаат одложен натпревар со екипата на Вардар).

Веднаш зад неговиот, е ефектот на Антаун Максвел од Кожув, кој е на просек од 23.5 поени.

Во три натпревари, Александар Андрејевиќ (Куманово 2009) собра вкупно 32. скока, или во просек по 10.6 по меч, кои го прават најдобар во таа статистичка категорија, а во која двоцифрен е и Кардосо Марсело (Црн Дрим Грин мобил) со десет скока, додека Александар Тодоровиќ (Гостивар) има 9.33.

Кај асистентите, трката ја поведе Тремејн Исабел (МЗТ Скопје Уни Банка) со 7.67 додавања по натпревар. Зад него со по шест асистенции во просек, се Малком Армстед (Гостивар) и Тај Херис (ТФТ).

Најмногу „користен“ играч во овие три кола е Кори Рос од Црн Дрим Грин мобил, кој во просек игра по 38:37 минути. А висока „минутажа“ имаат и Роналд Харис (Академија ФМП), 36:44, како и Тајрон Херис (ТФТ) кој во просек игра по 36:18 минути.

Процентуално, Стефан Крстајиќ (Академија ФМП) е најдобар реализатор од линијата за слободни фрлања, погодува со 94.74% на успешност, пред двоецот од Еуро Никел 2005, Антон Казарновски и Дарко Соколов кои имаат по 84.6% односно 81.8%.

Ламар Вашингтон (Работнички) има најдобар процент на реализација во обидите вредни по два поени. Погодува со 80% на успешност, пред Стефан Крстајиќ од Академија ФМП со 78.2% и неговиот соиграч, Роналд Харис кој има 76%.

Кај тројкашите, во моментално водство е репрезентативното крило на Работнички, Кирил Николовски. Погодува со високи 60% од зад линијата 6.75 метри. Нешто послаб е ефектот на неговиот клупски соиграч, Стефан Балмазовиќ (58.3%), додека високо котира и Јане Петровски (Еуро Никел 2005) со процент на реализација од 54.55%.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Кори Рос (Црн Дрим ГМ)           2          51       25.5

Антаун Максвел (Кожув)           2          47       23.5

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   3          66       22.0

Тајрон Херис (ТФТ)           2          44       22.0

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     3          63       21.00

СКОКОВИ

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  3          32       10.67

Кардосо Марсело (Црн Дрим ГМ)     20       10.00

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    3          28       9.33

Антон Казарновски (Еуро Никел 2005)        3          25       8.33

Андреј Настовски (Црн Дрим ГМ)      2          16       8.00

АСИСТЕНЦИИ

Тремејн Исабел (МЗТ УБ)          3          23       7.67

Малком Армстед (Гостивар)    3          18       6.0

Тајрон Херис (ТФТ)           2          12       6.0

Марјан Младеновиќ (Работнички)    3          17       5.67

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје А)     2          11       5.50

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)    3          12       4.0

Кардосо Марсело (Црн Дрим ГМ)     2          8          4.0

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    3          11       3.67

Џошуа Скот (Кожув)        2          7          3.5

Тајрон Херис (ТФТ)           2          7          3.5

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ламар Вашингтон (Работнички)         3          9          3.0

Тремејн Исабел (МЗТ УБ)          3          9          3.0

Малком Армстед (Гостивар)    3          9          3.0

Тајрон Херис (ТФТ)           2          5          2.5

Марјан Младеновиќ (Работнички)    3          7          2.33

БЛОКАДИ

Амир Смит (ТФТ)   2          4          2.0

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         3          6          2.0

Кори Рос (Црн Дрим ГМ)           2          3          1.5

Хуго Клусен (Црн Дрим ГМ)      2          2          1.0     

Стефан Глигоријевиќ (Куманово 2009)        3          3          1.0

МИНУТИ

Кори Рос (Црн Дрим ГМ)           2          77:15 38:37

Роналд Харис (Академија ФМП)        3          110:14          36:44

Тајрон Херис (ТФТ)           2          72:37 36:18

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     3          108:54          36:18

Кардосо Марсело (Црн Дрим ГМ)     2          71:49 35:54

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   3          94.74%

Антон Казарновски (Еуро Никел 2005)        3          84.62%

Дарко Соколов (Еуро Никел 2005)    3          81.82%

Роналд Харис (Академија ФМП)        3          78.95%

Кори Рос (Црн Дрим ГМ)           2          77.78%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Ламар Вашингтон (Работнички)         3          80.00%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   78.26%

Роналд Херис (Академија ФМП)        3          76.00%

Тајрон Херис (ТФТ)           2          75.00%

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  3          72.73%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Кирил Николовски (Работнички)       3          60.0%

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     3          58.3%

Јане Петровски (Еуро Никел 2005)    3          54.55%

Кори Рос (Црн Дрим ГМ)           2          50.0%

Кристијан Николов (МЗТ Скопје А)    2          50.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  3          72.73%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  2          70%

Роналд Херис (Академија ФМП)        3          66.67%

Тајрон Херис (ТФТ)           2          64.0%

Антаун Максвел (Кожув)           2          63.33%