Многу порелаксираната ситуација во која се наоѓа неговиот клуб – Работнички, му отвори и поголеми шутерски можности на Стефан Балмазовиќ во обидите да стигне и до првата позиција во статистичката категорија – поентери.
Крилото на „црвено-белите“ уфрли 35. поени против МЗТ Скопје Уни Банка, доволно да го „покачи“ просекот на 24.17, сега за нијанса пониско во однос на сеуште водечкиот Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) кој е на 24.33
Зад нив остана Тач Унрух од Кожув со 22.5, додека Грифин Раме (Ангели) се симна на точно 20 поени по натпревар.
Со оглед на тоа дека не игра веќе неколку натпревари, Бојан Трајковски (Феникс 2010) испадна од трката за најдобар скокач. Лидер е Намди Оконкво (Кожув) со 12.2, додека Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) застана на 11.8 скока по меч.
Неговиот тимски колега Деон Едвин останува прв асистент во втората фаза од првенството со просек од десет додавања. Далеку подобро во однос на Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) со 7.33.
Бекот на „лавовите“ од Кисела вода во исто време губи најмногу топки, по 4.33 на натпревар.
Деон Едвин е лидер во уште една категорија, на играчи со најголем број на освоени топки. Има по 2.6 на меч, пред Јузбашиќ (Куманово 2009) со 2.2 и уште еден играч од Куманово, Петар Николиќ, кој дојде до 2.17.
Двајца играчи на Кожув се лидери во уште две категории, блокер и играч со најголем број на минути. Во првата води Намди Оконкво со 2.4 блокади на натпревар, а Горан Главчев пак во просек игра по 37:39 минути на меч.
Процентуално, уште еден играч на тимот од Гевгелија, Тач Унрух е водечки на листата на најдобри реализатори на слободни фрлања (88.89%).
Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) е најдобар во обидите за два поени (71.43%), а Виктор Исајлоски (МЗТ Скопје Уни Банка) зад линијата од 6.75 метри, со 52% на успешност.
Севкупно, Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) е најдобриот реализатор од дистанца, затоа што погодува со 55.7% на успешност.
ТОП 5
ПОЕНИ
1.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 6 146 24.33
2.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 6 145 24.17
4.Тач Унрух (Кожув) 6 135 22.50
4.Грифин Раме (Ангели) 6 120 20.0
5.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 99 19.8
СКОКОВИ
1.Намди Оконкво (Кожув) 5 61 12.2
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 59 11.8
3.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)6 58 9.6
4.Самет Јигитоглу (МЗТ Скопје Уни Банка) 3 27 9.0
5.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 6 51 8.5
АСИСТЕНЦИИ
1.Деон Едвин (Работнички) 5 50 10.0
2.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 6 44 7.33
3.Александар Костоски (ТФТ) 7 41 5.86
4.Грифин Раме (Ангели) 5 26 5.2
5.Бобан Стајиќ (Пелистер) 7 38 5.43
ЗАГУБЕНИ ТОПКИ
1.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 6 26 4.33
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 19 3.8
3.Деон Едвин (Работнички) 5 19 3.8
4.Марин Петков (Феникс 2010) 7 26 3.7
5.Тач Унрух (Кожув) 6 20 3.33
ОСВОЕНИ ТОПКИ
1.Деон Едвин (Работнички) 5 13 2.6
2.Душан Јузбашиќ (Куманово 2009) 5 11 2.2
3.Петар Николиќ (Куманово 2009) 6 13 2.17
4.Двејн Морган (ТФТ) 7 15 2.14
5.Недељко Кошанин (Навико Академија ФМП) 6 12 2.0
БЛОКАДИ
1.Намди Оконкво (Кожув) 5 12 2.4
2.Љубомир Младеновски (Пелистер) 7 13 1.86
3.Амир Смит (ТФТ) 6 7 1.17
4.Самет Јигитоглу (Пелистер) 3 3 1.00
5.Обрад Томиќ (Еуро Никел 2005) 7 6 0.86
МИНУТИ ВО ИГРА
1.Горан Главчев (Кожув) 6 225:56 37:39
2.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 6 221:57 36:59
3.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 6 217:34 36:15
4.Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП) 5 171:32 34:18
5.Ландриус Хортон (ТФТ) 237:20 33:51
ШУТ ЗА ЕДЕН ПОЕН (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Тач Унрух (Кожув) 6 88.89%
2.Деон Едвин (Работнички) 5 85.00%
3.Андрија Марјановиќ (Куманово 2009) 6 84.21%
4.Игор Кесар (Пелистер) 7 82.61
5.Грифин Раме (Ангели) 6 75.86%
ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Роберт Рикиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 7 71.43%
2.Амир Смит (ТФТ) 6 70.59%
3.Валмир Какруки (Работнички) 6 65.38%
4.Намди Оконкво (Кожув) 5 65.12%
5.Тач Унрух (Кожув) 6 63.46%
ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Виктор Исајловски (МЗТ Скопје Уни Банка) 5 52.0%
2.Ландриус Хортон (ТФТ) 7 50.%
3.Џексон Дубински (Еуро Никел 2005) 7 50.0%
4. Стефан Балмазовиќ (Работнички) 6 50%
5.Игор Кесар (Пелистер) 7 48.1%
ШУТ ОД ИГРА (ПРОЦЕНТУАЛНО)
1.Леонид Тодоровски (Навико Академија ФМП) 6 55.7%
2.Стефан Балмазовиќ (Работнички) 6 54.84%
3.Немања Милошевиќ (МЗТ Скопје Аеродром) 53.97%
4.Ненад Зивчевиќ (Куманово 2009) 5 53.62%
5.Тач Унрух (Кожув) 6 53.33%