17.12.2020

По осум некомплетни кола, бекот на Вардар ја превзема позицијата на најдобар стрелец во Првата лига

ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 8. КОЛО ОД ПРВАТА ЛИГА-МАЖИ: Провел се докажува како проверен поентер

Џуниус Провел, динамичниот бек на екипата на Вардар изби на првото место на листата на најдобрите поентери во нашата Прва лига.

Американецот одигра три ефикасни натпревари, собра вкупно 78.поени, или во просек по 26. поени по натпревар, кои го прават најдобар поентер во лигата.

Има три поени „вишок“ во однос на Стефан Крстајиќ од Академија ФМП, кој исто така имаше ефикасна игра, токму против Вардар, која го донесе до збир од 92.поени. или просек од 23.поени по меч.

Нешто повеќе над просекот на Тајрон Херис од ТФТ кој во овој момент има 22.7 поени.

Центарот на Куманово 2009, Александар Андрејевиќ останува единствениот со просек од повеќе од десет скока по натпревар. На пет мечеви собра 51.скок, или просечни 10.2 по натпревар, со кои води пред Александар Тодоровиќ (Гостивар) кој има 9.75, и Антон Казарновски (Еуро Никел 2005) со 8.5 скока.

Бекот на ТФТ, Тајрон Херис пак се проби на првото место на листата на најдобрите додавачи во лигата. Американецот има 30. асистенции на четири натпревари, или просек од седум на еден натпревар.

Подобар скор во однос на оној Тремејн Исабел (МЗТ Скопје Уни Банка) кој е на 6.75, и на уште еден Американец, но во редовите на Гостивар, Малком Армстед кој има 6.25 асистенции по меч.

Џуниус Провел е лидер во уште една статистичка категорија. Онаа за играчи со најголем број на загубени топки. Има 13. на трите одиграни натпревари досега – 4.33 по натпревар.

Нешто повеќе во однос на новиот играч на Куманово 2009, Кори Рели Рос (4.2) и Тајрон Херис (ТФТ) со 3.5 загубени топки.

Без промени остана онаа другата, за играчи со најголем број на освоени топки, каде води Ламар Вашингтон од Работнички со три освоени топки по меч.

Затоа пак Амир Смит од ТФТ дојде на првото место кај блокерите. Иако со не баш преголем број на сантиметри, тоа не му смета на Американецот да има просек од три блокади по натпревар.

Иако играњето во Црн Дрим Грин Мобиле го замени за место во ростерот на Куманово 2009, тоа не е пречка за Кори Рос да биде играчот со најголем број на одиграни минути во Првата лига.

Во овој момент, во просек игра по 38.3 минути по меч, зад него е Лаклан Андерсон (ТФТ) со просечни 36.2 минути, и Стефан Балмазовиќ (Работнички) кој остана на 36.1 минута.

Крстајиќ најдобар „пеналџија“, Малешевиќ најдобар тројкаш

Во оној процентуален дел, Стефан Крстајиќ од Академија ФМП е најдобриот изведувач на слободните фрлања. Погодува со високи 92.86% на успешност од таа позиција. Доста подобро во однос на Антон Казарновски (Еуро Никел 2005) со 88.24% и Џуниус Провел (Вардар) со 84.09%.

Во реализираните обиди од дистанца, предначи ефектот на Ламар Вашингтон. Силното крило на Работнички на три натпревари погодува со 80% во обидите за два поени. Роналд Херис од Академија ФМП, со 75%, а Малком Армстед (Гостивар) со 73.3% на успех.

Трите ефикасни игри на Пелистер ги промовираа Никола Малешевиќ и Бобан Стајиќ во најдобри реализатори на обидите вредни по три поени. Имаат идентични и високи 66.67% зад линијата од 6.75 метри.

Зад нив се Игор Ивановиќ од Вардар, и уште еден играч на Пелистер, Џордан Калахан, двајцата со 63.64% на реализација.

Генерално, најдобра реализација од поле засега има Александар Андрејевиќ од Куманово 2009, кој погодува со 70.37% на успешност, пред Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје Аеродром) со 67.74%, и Игор Кесар (Пелистер) со 64.71%.

ТОП 5

ПОЕНИ

Играч нат      п/с/а  просек

Џуниус Провел (Вардар)           3          78       26.0

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   4          92       23.0

Тајрон Херис (ТФТ)           4          91       22.7

Кори Рос (Куманово 2009)       5          111     22.2

Лаклан Андерсон (ТФТ) 4          86       21.5

СКОКОВИ

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          51       10.20

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    4          39       9.75

Антон Казарновски (Еуро Никел 2005)        4          34       8.50

Дамјан Крстевски (Вардар)      3          25       8.33

Славчо Темелковски (Академија ФМП)       4          33       8.25

АСИСТЕНЦИИ

Тајрон Херис (ТФТ)           4          30       7.5

Тремејн Исабел (МЗТ Скопје УБ)        4          27       6.75

Малком Армстед (Гостивар)    4          25       6.25

Марјан Младеновиќ (Работнички)    3          17       5.67

Џуниус Провел (Вардар)           3          17       5.67

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

Џуниус Провел (Вардар)           3          13       4.3

Кори Рос (Куманово 2009)       5          21       4.2

Тајрон Херис (ТФТ)           4          14       3.5

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          17       3.4

Џошуа Скот (Кожув)        3          10       3.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Ламар Вашингтон (Работнички)         3          9          3.0

Малком Армстед (Гостивар)    4          10       2.5

Марјан Младеновиќ (Работнички)    3          7          2.33

Тремејн Исабел (МЗТ УБ)          4          9          2.25

Роналд Херис (Академија ФМП)        4          9          2.25

БЛОКАДИ

Амир Смит (ТФТ)   4          12       3.0

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         4          6          1.5

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          5          1.0

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)     2          2          1.0

Љубомир Младеновски (Работнички)         3          3          1.0

МИНУТИ

Кори Рос (Куманово 2009)       5          190:19          38:30

Лаклан Андерсон (ТФТ) 4          145:22          36:20

Стефан Балмазовиќ (Работнички)     3          108:54          36:18

Тајрон Херис (ТФТ)           4          143:20          35:50

Данило Мијатовиќ (Еуро Никел 2005)         4          142:16          35:34

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   4          92.86%

Антон Казарновски (Еуро Никел 2005)        4          88.24%

Џуниус Провел (Вардар)           3          84.09%

Александар Тодоровиќ (Гостивар)    4          83.87%

Виктор Ташовски (Вардар)       3          83.33%

ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Ламар Вашингтон (Работнички)         3          80.00%

Роналд Херис (Академија ФМП)        4          75.00%

Малком Армстед (Гостивар)    4          73.3%

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          70.37%

Стефан Крстајиќ (Академија ФМП)   4          70.00%

ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Никола Малешевиќ (Пелистер)          3          66.67%

Бобан Стајиќ (Пелистер)            3          66.67%

Игор Ивановиќ (Вардар)           3          63.64%

Џордан Калахан (Пелистер)     3          63.64%

Кирил Николовски (Работнички)       3          60.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА (ВКУПНО)

Александар Андрејевиќ (Куманово 2009)  5          70.37%

Андрија Бојиќ (МЗТ Скопје А)  3          67.74%

Игор Кесар (Пелистер)   3          64.71%

Антаун Максвел (Кожув)           3          60.47%

Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје А)     2          57.89%