26.12.2022

За членовите на Здружението на кошаркарските тренери на Македонија

Информација

Здружението на кошаркарски тренери на Македонија, односно претседателот Александар Јончевски, ги известуваат членовите на Здружението дека се комплетирани сите три дела од книгата „Basketball drills from А to Z“ од авторот Дејан Чикиќ.

Во наредниот период, сите членови на Здружението, кои ги подмириле своите финансиски обврски за и околу издавање на потребните тренерски лиценци, ќе можат да ги подигнат од канцеларијата на КФСМ, која се наоѓа на улица „Дебарца“ број 28 во Скопје, секој работен ден, од 9. до 16.часот.