28.10.2020

Сезоната во Првата лига-жени ќе стартува на 21. ноември

Информација до јавноста

Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-жени, и имајќи го предвид фактот дека нашиот сениорски национален тим во наредниот период, почнувајќи од 2. ноември,  има обврски во квалификациите за Евробаскет 2021 година, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 21. ноември.

Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето.