09.11.2020

Промена на одигрување на натпреварите од 4. коло во Првата лига-мажи

Информација до јавноста

Канцеларијата на сениорските лиги при КФСМ, ги информира клубовите, во исто време и медиумите, за промена на одигрување на натпреварите од 4. коло во Првата лига-мажи.

„Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари.

Колото број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат“.