07.04.2021

Информација за преоден рок во ПЛМ, до кошаркарските клубови од Прва лига мажи

Информација до јавноста

Ве известуваме дека поради промена на системот за натпреварување во Првата лига мажи за натпреварувачка сезона 2020/21, како и предлогот на здружението на клубови од ПЛМ на состанокот одржан на ден 30.03.2021 година, Управниот одбор на КФСМ одржан без присаство по електронски пат, донесе одлука

“Преодниот рок за регистрација на играчи од Прва лига мажи во натпреварувачката сезона 2020/21, да заврши на 16.04.2021 година“.

Ве молиме во предвидениот рок да ја доставите комплетната документација за регистрација на играчи, согласно Регистрацискиот правилник на КФСМ.