10.06.2021

.

Информација до јавноста

Кошаркарската Федерација им се извинува на сите учесници во бараж-натпреварите во јуниорската лига во машка конкуренција (М18) кои денеска се надигруваат во спортската сала СРЦ Кале 1.

Поради технички проблеми со опремата, пренесување на натпреварите е оневозможено.

Проблемите со опремата ќе бидат надминати во најбрзо време, во пресрет на натпреварите од завршните турнири (фајналфор F4) во генерациите до 18 и до 16 години во машка конкуренција, предвидени да се одиграат претстојниот викенд.