23.09.2021

Суперкуп „Драган Василов Цевка“- 2021

Информација до јавноста

Во врска со одржувањето на натпреварите од Суперкупот „Драган Василов Цевка“, Македонската кошаркарска федерација ги информира заинтересираните претставници на медиумите за следното:

Ве замолуваме, акредитациите за учеството на овие натпревари да ги подигнете на 24. септември (петок) во периодот од 12. часот до 16.часот, во просториите на федерацијата, на улица „Дебарца 28“ во Скопје.

Во согласност со општиот Протокол за организирање на натпревари и тренинзи во затворени објекти, влезот во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе биде ограничен.

Односно сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ-СЕРТИФИКАТ за вакцинација издаден од страна на надлежните здравствени авторитети во државата.

Исто така, согласно со одлуката на Министерството за Здравство на РСМ, ограничен е и бројот на седишта во салата на 30% од вкупниот капацитет.

Натпреварите, во двете конкуренции, машка и женска, ќе се одржат на 25. септември (сабота), 2021 година, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Од 17.часот, ќе се игра натпреварот во женска конкуренција во кој ќе се сретнат екипите на Баскет КАМ од Македонска Каменица и Бадел 1862 од Скопје, со директен пренос на МРТ 3.

Од 19.30 часот, ќе се игра натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички од Скопје, со директен преност на МРТ 3.

НАПОМЕНА: Преостанатиот, лимитиран број на влезници, согласно со законските ограничувања, федерацијата ќе ги стави на располагање на сите заинтересирани спортски, пред сè, кошаркарски работници, кои ќе покажат интерес за присуство на воведните натпревари од новата натпреварувачка сезона 2021/2022.

Заинтересираните може да го потврдат присуството на маилот:

boban.radulovic@basketball.org.mk

И да ги подигнат влезниците во просториите на КФСМ, на 24. септември (петок) во периодот од 12. до 16. часот, кај одговорното лице за односи со јавноста, Бобан Радуловиќ (контакт телефон 070-321263)