27.09.2022

Слободен влез во СРЦ „Кале“ за натпреварите од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ 2022

Информација до јавноста

Македонската кошаркарска федерација уште еднаш ќе им излезе в пресрет на сите љубители на кошаркарскиот спорт.

За натпреварите од новото издание на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кои ќе се сретнат најдобрите екипи од минатата натпреварувачка сезона,  а ќе се играат на 28. септември (среда) во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, влезот ќе биде СЛОБОДЕН.

Предвидено е да се играат натпревари во женска и во машка конкуренција.

Во првиот натпревар, од 17.часот, ќе се сретнат актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862 и освојувач на Купот, Баскет Кам 2011.

Натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе играат државниот првак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и освојувачот на националниот Куп, ТФТ, ќе стартува од 19.30 часот.

Двата натпревари ќе бидат директно пренесувани на МРТ 3.