11.01.2022 ... Почитувани, Согласно Законот за спорт, сите спортски субјекти кои ги исполнуваат критериумите за користење на средства од даночно ослободување можат да поднесат барање. Во прилог Ви го доставуваме Образецот – Барање за користење на средства од даночно ослободување на клубови за 2022 година. Во електронска и pdf верзија. Ве молиме истиот да биде пополнет и вратен до канцеларијата на КФСМ, најдоцна до 14.01.2022 година (петок) Доколку не го испратите навреме, ќе се смета дека вашиот клуб не е заинтересиран за користење на средства од даночно ослободување. Образец – Барање за користење на средства од даночно ослободување на клубови за 2022 година. БАРАЊЕ За користење на средства од даночно ослободување по Законот за данокот на добивка од спортски клуб