Согласно членот 8. од Пропозициите за натпреварување, ве известувам дека на ден 16.09.2021 година, четврток, со почеток од 11 часот, во просториите на КФСМ ќе се изврши извлекување на натпреварувачките броеви на екипите учеснички во Првата лига мажи за сезона 2021/22.
Во исто време ве известуваме дека, согласно членот 6. од Пропозициите за натпреварувањето ќе треба да го утврдиме и календарот за натпреварување со оглед дека истиот што ви е испратен ќе треба да претрпи промени од причини што во Првата машка лига имам и екипи кои ќе се натпреваруваат во лигите во организација на ФИБА, АБА и БИБЛ.
Согласно претходното, состанокот ќе биде со следниов дневен ред:
1. Извлекување на натпреварувачки броеви за сезона 2021/22,
2. Утврдување на календарот за натпреварување за сезона 2021/22,
3. Разно
Комесар за натпреварувaње
Александар Милојевиќ