02.03.2021

Македонската кошаркарска федерација ќе одржи прес-конференција.

Информација до медиумите

Конференцијата ќе се реализира на 3.март (среда), со почеток во 10:00 часот, во Конгресниот центар на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни претседателот, Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски, и спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски.

Преку посебно видео-конференциска врска,  ќе говори и селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Тодоров.

Овој собир ќе биде реализиран согласно со општиот протокол за Ковид-19, и согласно со тоа, ќе ве замолиме своето присуство по писмен пат да го потврдите на следниот маил: boban.radulovic@basketball.org.mk

Го очекуваме Вашето присуство!