27.04.2021

За акредитирање на претставници на медиумите за натпреварите од Кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“

Информација до медиумите

Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на новинарски екипи за следење на натпреварите кои се дел од завршните турнири на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Завршниот турнир во женска конкуренција ќе се одржи на 7. односно на 8.мај, додека пак завршницата во машка конкуренција на програмата е од 14. до 16. мај, 2021 година.

Двата турнири, и во машка и во женска конкуренција, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Согласно ограничувањата кои со себе ги носи Протоколот за организација на вакви ивенти, за време на пандемијата предизвикана од коронавирусот, барањата за акредитации за двата турнири во организација на КФСМ, треба да се испратат најдоцна до 4. мај, (вторник), 2021 година) на следниот меил:

boban.radulovic@basketball.org.mk