04.05.2021

...

Информација до медиумите

Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.

На прес-конференцијата која ќе се одржи на 5. мај (среда), со почеток во 12.00 часот, во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе земат збор генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски, како и претставниците (тренери и капитени) на четирите екипи кои ќе земат учество на завршниот турнир на Купот, кој ќе се игра на 7. и на 8.мај, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

 *Финалниот турнир ќе биде одигран согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.

*Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).

*Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;

*Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;

*Сите натпревари се одигруваат без присуство на публика;