Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција.
На прес-конференцијата која ќе се одржи на 12. мај (среда), со почеток во 12.00 часот, во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе бидат присутни претставниците (тренери и капитени) на осумтте екипи кои ќе земат учество на завршниот турнир на Купот, кој ќе се игра во периодот од 14. до 16.мај, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Категорија на лица на кои им е дозволено присуство на натпревар
На натпреварите можат да бидат присутни лица кои припаѓаат на следните категории:
• Играчи, стручен штаб, претставници на менаџмент на клубовите.
Бројот на лицата во сите зони потребно е да се сведе на апсолутен минимум кој е неопходен за непречена организација на натпреварот со почитување на физичкото растојание од 1.5-2.0м.
Во случај на проценка дека во некоја од зоните е присутен поголем број на лица, организаторот, делегатот на натпреварот е овластен да изврши прераспределба на лицата.
Зони во спортскиот објект
Просторот на спортскиот објект е поделен во 3 зони, но за членовите на екипите, движењето е дозволено во следниве зони:
- Зона 1 - терен и околу теренот, тунел за излегување на терен, соблекувални, ходници, амбуланта и останати простории кои непосредно ги користат:
• Играчи и стручен штаб на двата тима;
- Зона 2 - трибини, простор за медии, контролни соби и станици и останатите внатрешни простории во спортскиот објект:
• Играчи поширок список;
• Менаџмент на двата тима;
Секоја од овие наведени зони претставуваат физичка одвоена целина и сите се одделени една од друга.
-Финалниот турнир ќе биде одигран согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.
-Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).
-Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен. Сета опрема за игра се дезинфицира по секој одигран натпревар;
-Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
-Сите натпревари се одигруваат без присуство на публика;