12.05.2021

...

Информација до медиумите

Претставниците на медиумите кои сеуште не ги подигнале своите акредитации за присуство и следење на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ 2021, во машка конкуренција, ќе може да го сторат во текот на денот, до 16.часот, или најдоцна до 14. мај (петок) до 10. часот, во канцеларијата на Кошаркарската федерација, лоцирана на улица „Дебарца“ бр 28.

Влезот за претставниците на медиумите ќе биде од страната на улицата „Лазар Личеновски“.

Акредитираните новинари ќе имаат обезбедено паркинг простор, пред главниот влез во салата на СРЦ „Кале“.

Новинарските позиции се поставени на ВИП просторот, на главната трибина од СРЦ „Кале“.

ПОТСЕТУВАЊЕ

*Финалниот турнир ќе биде одигран согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.

*Мерење на температура на сите лица кои влегуваат во сала (играчи, официјални лица, лица од организација).

*Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен;  

*Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;

*Сите натпревари ќе се играат без присуство на публика;