Тренинзите на нашата машка сениорска репрезентација во периодот од 12. јули до 11. август, 2021 година, кои ќе бидат реализирани во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе бидат од делумно oтворен карактер.
Со строго ограничено присуство на други, неофицијални лица, кои ќе бидат наведени во задолжителниот список на присутни лица, кој ќе биде доставен до Спортскиот центар, каде ќе се реализираат тренинзите, а е во согласност со општиот протокол за организирање на натпревари и тренинзи во затворени објекти.
Претходно акредитираните новинари, ТВ камермани и фоторепортери од нашите почитувани медиуми, за натпреварите од претквалификациите за Светскиот Куп 2023 година, можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски во првите 15. минути од тренинзите.
Но, во ограничен определен простор, на трибина во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, и без никакви физички, непосредни контакти со стручниот и играчкиот дел од националниот тим за време на тренинзите.
Согласно општиот Протокол, не е предвидено одржување на прес-конференции за време на подготовките во овој претквалификациски циклус за Светскиот Куп во 2023 година..
Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.
* НАПОМЕНА
Првиот тренинг на сениорскиот национален тим од подготовките за претквалификацискиот турнир во Скопје ќе биде реализиран на 12. јули (понеделник) со почеток од 10.часот, во малата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.