08.11.2021 Прес-конференцијата ќе се одржи на 9.ноември (вторник), од 12.часот, во прес-салата на СРЦ „Кале“ во Скопје Во врска со одржувањето на натпреварите од квалификациите за Евробаскет 2023 година во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација испраќа покана за присуство на прес-конференција. Собирот со претставниците на медиумите ќе се одржи на 9.ноември (вторник), во салата за прес-конференции на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, со почеток во 12. часот. Натпреварот Македонија – Босна и Херцеговина ќе се одржи на 14. ноември (недела), 2021 година, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток од 19.часот.