Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка и во женска конкуренција за 2022 година.
На прес-конференцијата која ќе се одржи на 16. февруари (среда), со почеток во 12.00 часот, во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе бидат присутни претставниците (тренери и капитени) на екипите во машка и во женска конкуренција, кои ќе земат учество на завршниот турнир на Купот, кој ќе се игра во периодот од 18. до 20.февруари, во салата на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.
12.00: Прес-конференција на клубовите-учесници во женска конкуренција
12.30: Прес-конференција на клубовите-учесници во машка конкуренција
НАПОМЕНA:
*Финалниот турнир ќе биде одигран согласно општите протоколи за заштита и превенција од ширење на COVID-19. Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата, кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот.
*Задолжителна дезинфекција при влез во сала, пред влегување на терен и по излегување од терен.
*Носење на заштитна опрема (маска, шал, марама) е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за сите присутни во салата, освен за играчите и судиите додека се на терен;
*Сите натпревари се одигруваат со присуство на публика, но во лимитиран број (50% од капацитетот);