22.08.2022

Отворен е периодот за акредитација на медиуми за августовскиот ФИБА „прозорец“од претквалификациите за Евробаскетот 2025

ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИТЕ

Почитувани претставници на медиумите,

Периодот на акредитација на медиумите за првиот „прозорец“ од прет-квалификациите за Европското првенство во кошарка на ФИБА во 2025 година е во тек.

Првиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациските натпревари ќе се игра од 25. до 28. август 2022 година.

Крајниот рок за аплицирање е четврток 25. август (23:59 по средноевропско време).

Форматот на претквалификациите за Европското првенство во кошарка ФИБА 2025 година ќе биде со три „прозорци“, во период од август 2022 до февруари 2023 година.

Натпреварот Македонија – Словачка ќе се одигра на 28. август (недела), 2022 година, во салата на Спортско рекреативниот Центар „Кале“ во Скопје со почеток од 19.00 часот.

Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата boban.radulovic@basketball.org.mk

*Можности за интервју во микс зона

Можностите за интервју со неколку избрани играчи ќе бидат организирани за сите медиуми кои имаат потреба од тоа.

Овие интервјуа ќе се спроведат на однапред дефинирана локација, или во соодветна област, микс-зоната на салата на СРЦ „Кале“.

*Прес-конференција по натпреварот

Во прес-салата на СРЦ „Кале“, каде ќе се игра натпреварот со Словачка, ќе се организира прес-конференција. Само носителите на права и избраните носители на права ќе имаат право да присуствуваат лично, но нивното присуство ќе зависи и од расположливиот простор.