Нашата машка сениорска репрезентација и вториот натпревар, против селекцијата на Данска, кој е дел од ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА, ќе го игра во Гевгелија.
За сите акредитирани претставници на медиумите, федерацијата ќе обезбеди превоз до Гевгелија, каде на 13. ноември (недела), со почеток од 19.часот, нашата најдобра селекција ќе го игра натпреварот од 4. коло од групата „Д“ од претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Поради краткиот временски период, најљубезно ве замолуваме да испратите потврда за ваше присуство на овој натпревар.
Со оглед на ограничениот број на места, вашата официјална потврда ја очекуваме најдоцна до 12. ноември (сабота), до 12. часот, на меил-адресата:
boban.radulovic@basketball.org.mk
НАПОМЕНА: Тргнувањето за Гевгелија е предвидено за 13.ноември (недела), од 15.часот, пред просториите на Македонската кошаркарска федерација (улица „Дебарца број 28“ во Скопје).