24.01.2023

Повик за акредитирање за третиот, февруарски, ФИБА квалификациски „прозорец“ за Европско првенство 2023-жени

Информација до медиумите

Почитувани претставници на медиумите,

Ве известуваме дека пријавите за акредитации за натпревар од квалификациите за Европското првенство 2023 година-жени, можете да ги испраќате од денеска, заклучно до 8. февруари, 2023 година, до 16.часот.

Акредитирањето за натпреварот Македoнија – Белгија, кој се игра на 12. февруари, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, можете да го извршите на следниот меил:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Пријавата за акредитирање треба да содржи име на медиум/редакција, име и презиме на новинарот, број на телефон за контакт, и е-маил адреса за контакт.

Во молиме да пријавите најмногу по еден новинар по редакција/медиум, бројот на фоторепортери е исто така ограничен.

Дополнително ќе ве информираме кога и каде ќе можете да ги преземете акредитациите за овој квалификациски натпревар.