10.02.2023

Прес-конференцијата пред завршниот турнир од Купот, ќе се одржи на 14. февруари (вторник), од 13.00 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје

Информација до медиумите

Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка и во женска конкуренција за 2023 година.

На прес-конференцијата која ќе се одржи на 14. февруари (вторник), со почеток во 13.00 часот, во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје. Ќе бидат присутни претставниците (тренери и капитени) на екипите во машка и во женска конкуренција, кои ќе земат учество на завршниот турнир на Купот, кој ќе се игра во периодот од 16. до 18.февруари, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

13.00: Прес-конференција на клубовите-учесници во женска конкуренција

13.30: Прес-конференција на клубовите-учесници во машка конкуренција