6.02.2025
Организаторот на двата завршни турнири од државниот Куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ за 2025 година, Кошаркарскиот Клуб Кожув од Гевгелија закажува прес-конференција во пресрет на одигрување на натпреварите во рамки на ова натпреварување.
Прес – конференцијата е закажана за 12. Февруари, 2025 година (среда) со почеток во 12:00 часот во прес-центарот на Хотел и казино „Аполонија“ во Гевгелија.
На прес - конференцијата збор ќе земе организаторот, претставници од КФСМ, како и тренерите и капитените на учесниците на турнирот.