Почитувани претставници на медиумите, драги пријатели,
Во оваа прилика, Ве покануваме за присуство на прес-конференција, на која ќе присуствуваат селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Марјан Илиевски, и репрезентативците Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли, кои ќе ги искажат своите очекувања пред почетокот на натпреварите од втората фаза од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
Прес-конференцијата ќе биде одржана на ден 1. август (петок), од 12.30 часот, во салата за прес-конференции при спортската сала во Куманово.
Нашиот машки сениорски национален тим ова лето ќе биде дел од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2027 година. Македонија е дел од групата „Е“, во која се уште и репрезентациите на Романија и Унгарија.
Во текот на месец август, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат четири натпревари во претквалификациите.
Два од нив на домашен терен, првиот е закажан за 2. август (сабота), од 20.часот, во спортската сала во Куманово, каде нашата најдобра селекција ќе игра против репрезентацијата на Романија.
* НАПОМЕНА: Бројот на места за акредитирани преставници на медиумите во спортската сала во Куманово е максимално ограничен