06.08.2021

...

Информација до средствата за јавно информирање

Во врска со почетокот на претквалификацискиот циклус на натпревари за пласман на Светскиот Куп 2023 година на машката сениорска репрезентација на Македонија, и активностите кои ги реализира, Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција.

Собирот со претставниците на медиумите ќе се одржи на 9.август (понеделник), во конференциската сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 10.00 часот.

Во согласност со општиот протокол за организирање на натпревари и тренинзи во затворени објекти, ве молиме најдоцна до 7. август (сабота) до 16. часот, да го потврдите учеството на прес-конференцијата на следниот меил:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Нашиот сениорски национален тим ќе биде дел од групата „Ф“ од ФИБА турнирот кој во периодот од 12. до 18. август ќе се реализира во Скопје.

Покрај нашата, на претквалификацискиот турнир ќе учествуваат уште и репрезентациите на Словачка и на Швајцарија.