Во врска со одржувањето на Суперкуп натпреварите за трофејот „Драган Василов Цевка“, Македонската кошаркарска федерација испраќа повик за акредитирање на заинтересираните претставници на медиумите.
Натпреварите, во двете конкуренции, машка и женска, ќе се одржат на 25. септември (сабота), 2021 година, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Од 17.часот, ќе се игра натпреварот во женска конкуренција во кој ќе се сретнат екипите на Баскет КАМ од Македонска Каменица и Бадел 1862 од Скопје.
Од 19.30 часот, ќе се игра натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе се сретнат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички од Скопје.
Во согласност со општиот протокол за организирање на натпревари и тренинзи во затворени објекти, ве молиме најдоцна до 24. септември (петок) до 12. часот, да го потврдите учеството на овие натпревари за добивање на акредитации потребни за влез во салата, на следниот меил:
boban.radulovic@basketball.org.mk
Влезот во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе биде ограничен, односно сите заинтересирани љубители на кошарката ќе мора да покажат документ за вакцинација издаден од надлежните здравствени авторитети во државата.
Исто така, согласно со одлуката на Министерството за Здравство на РСМ, ограничен е и бројот на седишта во салата на 30% од капацитетот.
Освен тоа, претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница, фан-страницата на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.