03.11.2021

Прес-конференцијата ќе се одржи на 9.ноември, од 12.часот, во прес-салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

Информација до средствата за јавно информирање

Во врска со одржувањето на натпреварите од квалификациите за Евробаскет 2023 година во женска конкуренција, Македонската кошаркарска федерација испраќа покана за присуство на прес-конференција, и повик за акредитирање на заинтересираните претставници на медиумите.

Собирот со претставниците на медиумите ќе се одржи на 9.ноември (вторник), во салата за прес-конференции  на Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, со почеток во 12. часот.

Натпреварот Македонија – Босна и Херцеговина ќе се одржи на 14. ноември (недела), 2021 година, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток од 19.часот.

Во согласност со општиот протокол за организирање на натпревари и тренинзи во затворени објекти, ве молиме најдоцна до 8. ноември (понеделник) до 12. часот, да го потврдите учеството на прес-конференцијата, и испратите апликација за акредитација за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за ЕП 2023-жени,  на следниот меил:

boban.radulovic@basketball.org.mk

Нашиот женски сениорски национален тим ќе биде дел од групата „А“ од ФИБА квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2023 година. А покрај нашата, ќе учествуваат уште и репрезентациите на Германија, БиХ и на Белгија.

Тренинзите на нашата женска сениорска репрезентација во периодот од 4. до 9. ноември, кои ќе бидат реализирани во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје, ќе бидат од делумно oтворен карактер.

Со ограничено присуство на други, неофицијални лица, кои ќе бидат наведени во задолжителниот список на присутни лица, кој ќе биде доставен до СРЦ „Кале“, каде ќе се реализираат тренинзите, во согласност со општиот протокол за организирање на натпревари и тренинзи во затворени објекти.

Претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

НАПОМЕНА:

Согласно Одлуката на Владата за превентивни мерки против вирусот Ковид-19 (Сл.Весник бр.199 од 25.08.2021 г.)  дозволен е максимум 50% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи :

- сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од вирусот Sars-Cov-2, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест Covid-19 или :

- сертификат/потврда за прележан Covid-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување.