12.08.2021

...

Информација за акредитирани новинари/фоторепортери

Претставниците на медиумите кои поднеле барања за добивање на акредитација за следење на натпреварите од претквалификациите за Светскиот Куп 2023 година(новинари/фотографи), можат да присуствуваат, и да ги реализираат своите професионални обврски со претходно најавено присуство за натпреварите, новинарска акредитација.

Истата ќе може да ја подигнат на службениот влез во салата СЦ „Јане Сандански“, денеска, 12. август, по 17. часот, како и во другите денови додека се одвива турнирот, во истиот временски период и на истото место.

Акредитираните новинари кои се во ограничен број, ќе бидат сместени во  претходно определен простор, на прес-трибината во големата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“, и во согласност со здравствениот Протокол на КФСМ, без никакви физички, непосредни контакти со стручниот и играчкиот дел од националниот тим за време на натпреварите на турнирот.

Согласно со препораките на ФИБА, нема да бидат организирани официјални прес-конференции по завршувањето на натпреварите.

За таа цел, претставниците на медиумите ќе имаат можност секојдневно да се информираат за сите активности на нашиот национален тим, преку одговорното лице за односи со јавноста, официјалната страница www.kfsm.mk, фан-страната на КФСМ на Фејсбук, како и на Инстаграм профилот на федерацијата.

Сите дополнителни прашања можете да ги упатите на e-mail адресата boban.radulovic@basketball.org.mk

НАПОМЕНА:

Нашата сениорска репрезентација ќе одигра четири натпревари на турнирот во Скопје

12.АВГУСТ – 19.00: МАКЕДОНИЈА – Швајцарија

14.АВГУСТ – 19.00: Словачка – МАКЕДОНИЈА

16.АВГУСТ – 19.00: Швајцарија – МАКЕДОНИЈА

18.АВГУСТ - 19.00: МАКЕДОНИЈА - Словачка