03.02.2020

Информација за акредитирање на медиумски екипи за натпреварот на сениорите

За нешто помалку од еден месец, на 20. Февруари, сениорите ќе го одиграат првиот натпревар во рамки на квалификациите за Евробаскет 2021. На домашен терен, во А1 арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 20:15 ќе се надигруваме со националната селекција на Естонија.

Медиумските куќи кои ќе сакаат да акредитираат свои претставници (новинари, фотографи и камермани) за натпреварот ќе можат да го сторат тоа исклучиво преку FIBA Media Portal-от на accreditation.fiba.com.

Лицата кои веќе имаат профил можат да ја завршат процедурата на акредитирање преку одбирање на "FIBA EuroBasket 2021 Qualifiers" во делот “My Events“.

  • Само апликации преку медиа портал системот ќе бидат земени предвид,
  • Освен ТВ-партнерот на КФСМ (МРТ), останатите медиумски куќе немаат право да снимаат инсерти од натпреварот. Камерите можат да бидат користени во mixed зона и во салата за прес-конференција,

Системот за акредитирање ќе биде отворен до 17.февруари.

Прирачникот за користење на ФИБА медиа порталот може да се погледне на следниот ЛИНК.